Ивица Димчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ивица Димчевски
ПозицијаБек
Висина1,95 м
Тежина93 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаГостивар
Број24
Роден27 јули 1989 (1989-07-27) (29 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2007–
Кариера
2007–2010Вардар
2010–2012Торус
2012–2014Куманово
2014–2016Работнички
2016Струмица
2017Кожув
2017-Гостивар
Инфо од: 12.06.2018.

Ивица Димчевски (роден 27 јуни, 1989 во Скопје) — македонски кошаркар и бивш репрезентативец. Тој игра на бековската позиција во КК Гостивар.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Димчевски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2007 година во екипата на КК Вардар од Скопје. Во тимот на Вардар се задржал две сезони, а потоа се преселил во тимот на Торус каде настапил две сезони, односно се до распадот на клубот. Во 2012 година Ивица потпишал за Куманово, каде бил еден од главните столбови на играта. Пред почетокот на сезоната 2013/2014 година, Димчевски се здобил со тешка повреди, при што морал да паузира неколку месеци од кошарката.[1][2] Во март 2014 година, Ивица Димчевски го напуштил КК Куманово.[3] За сезоната 2014/15, Ивица Димчевски потпишал за Работнички.[4][5] Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.[6][7] Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.[8][9] Во сезоната 2015/16, за време на последните тренинзи пред натпреварот од третото коло, Ивица Димчевски ги скинал лигаментите на коленото и лекарските прегледи потврдиле дека ќе ја пропушти целата сезона.[10][11][12][13] За сезоната 2016/17, Димчевски потпишал за Струмица.[14] Во јануари 2017 година, Димчевски се преместил во Кожув.[15] Во август 2017 година Димчевски потпишал за новиот прволигаш Гостивар.[16] За сезоната 2018/19, Димчевски продолжил во редовите на Гостивар.[17][18]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ивица Димчевски со Кошаркарската репрезентација на Македонија го освоил четвртото место на Европското Првенство кое се одржало во Литванија.[19] Ивица бил во поширокиот состав за предолимписките квалификации во Каракас.[20][21] Во 2014 година, Ивица учествувал со репрезентацијата во квалификациите за Евробаскетот 2015,[22] при што обезбедиле пласман.[23][24] Но во летото 2015 година, за време на подготовките Димчевски отпаднал од националниот состав.[25][26][27]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Дебитантска петорка на сезоната 2007/08[28]
  • Најдобар млад кошаркар за 2009 година[29]
  • Eurobasket.com - избран во втората најдобра петорка од лигата 2012/13
  • Eurobasket.com - избран во најдобрата домашна петорка од лигата 2012/13
  • Особен придонес во сезоната 2017/18[30]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Бизарна повреда на Ивица Димчевски". ekipa.mk. 1 септември 2013. 
  2. "Димчевски опериран, следува рехабилитација". idividi.com.mk. 4 септември 2013. 
  3. "Заминаа Димчевски, Станимировиќ и Радуловиќ – нов капитен на КК Куманово е Урош Луковиќ". kumanovskimuabeti.mk. 11 март 2014. 
  4. "Нов репрезентативец во Работнички, потпиша и Ивица Димчевски". ekipa.mk. 6 септември 2014. 
  5. "Репрезентативецот Димчевски и официјално потпиша за Работнички!". sportmedia.mk. 6 септември 2014. 
  6. Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат ekipa.mk 22 февруари 2015
  7. Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015
  8. Работнички на колена, Куманово е во финалето! ekipa.mk 24 мај 2015
  9. Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015
  10. Удар за Работнички: Димчевски ги скина лигаментите ekipa.mk 27 октомври 2015
  11. Димчевски повторно ги скина лигаментите на коленото sport.com.mk 27 октомври 2015
  12. Димчевски ги скина лигаментите, ја пропушта цела сезона! vecer.mk 27 октомври 2015
  13. Димчевски ги скина лигаментите на коленото derbi.mk 27 октомври 2015
  14. Димчевски продолжува со Струмица“, sportmedia.mk, 6 октомври 2016 (посет. 10 октомври 2016 г).
  15. Димчевски продолжува во Кожув“, sportmedia.mk, 1 февруари 2017 (посет. 1 февруари 2017 г).
  16. Димчевски: Го избрав Гостивар поради сериозноста на проектот“, ekipa.mk, 7 август 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  17. Гостивар ги потпиша и Димчевски и Сегариќ“, ekipa.mk, 16 јули 2018 (посет. 21 јули 2018 г).
  18. Димчевски и Сегариќ парафираа нови договори со Гостивар“, sportmedia.mk, 16 јули 2018 (посет. 21 јули 2018 г).
  19. "Македонија ги пречека момците со златно срце". ilike.mk. 19 септември 2011. 
  20. "Објавен списокот на кошаркари кои ќе се подготвуваат за олимписките квалификации". hitportal.com.mk. 24 април 2012. 
  21. "Македонските кошаркари во борба за Oлимпијада". kirilica.com.mk. 25 април 2012. 
  22. "Денеска прва прозивка на репрезентацијата, на списокот на селекторот Џикиќ е и Перо Антиќ". republika.mk. 1 јули 2014. 
  23. "Белорусите не ни се дораснати, Македонија е дел од Евробаскет 2015". ekipa.mk. 27 август 2014. 
  24. "МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА НАД БЕЛОРУСИЈА ДО НАСТАП НА ЕП". telma.com.mk. 27 август 2014. 
  25. "Србиновски го „избриша“ Димчевски". ekipa.mk. 7 август 2015. 
  26. "Димчевски и Крстевски се првите „избришани“ од списокот на селекторот Србиновски!". sportmedia.mk. 7 август 2015. 
  27. "Димчевски не патува на ЕП". republika.mk. 7 август 2015. 
  28. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  29. Тони Симиќ е кошаркар на годината“, vest.com.mk преку archive.li, 9 февруари 2010 (посет. 26 февруари 2018 г).
  30. Prva Liga - season 2017-2018“, eurobasket.com (посет. 12 јуни 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]