Каракас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Каракас (шпански: Caracas, Santiago de León de Caracas) е главен град на Венецуела. Се наоѓа во северниот дел од земјата, во долина во близина на Карипското Море, но самиот град не излегува на море. Историскиот центар на Каракас во 2005 година имаше 2,1 милион жители, но заедно со предградијата Каракас има околу 4,7 милиони жители.