27 јули
Изглед
27 јули — 208-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (209-и во престапна година). Остануваат 157 денови до крајот на годината. Предлошка:Јули 2025
Настани
[уреди | уреди извор]| 1830 | Во Франција избива „Јулската револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл X Бурбонски да ги укине весниците, да го распушти штотуку избраното собрание и да го промени изборниот закон. Кралот абдицира и емигрира во Шкотска. |
| 1839 | Почнува Опиумската војна меѓу Кина и Велика Британија откако кинеските власти во едно пристаниште во Кантон запленуваат и уништуваат 20.000 сандаци со опиум. |
| 1981 | Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути. |
| 1989 | Кристер Петерсон прогласен е за виновен и е осуден на доживотна казна затвор заради убиството на шведскиот премиер Улоф Палме во 1986 година. Подоцна тој е ослободен, а убиството останува неразјаснето. |
| 2001 | САД ги продолжуваат санкциите врз Иран и Либија на уште пет години.
|
Родени
[уреди | уреди извор]| 1452 | Лудовико Сфорца — милански војвода. |
| 1832 | Ѓура Јакшиќ — српски поет и сликар. |
| 1835 | Џозуе Кардучи — италијански поет — добитник на Нобелова награда за литература во 1906 година. |
| 1853 | Владимир Короленко — украински писател, хуманист и новинар. |
| 1874 | Иван Ачков — македонски револуционер. |
| 1904 | Оскар Ланге — полски економист. |
| 1907 | Петар Лубарда — црногорски и југословенски сликар. |
| 1915 | Марио дел Монако — италијански тенор. |
| 1946 | Раде Шербеџија — хрватски и југословенски глумец и пејач. |
| 1946 | Мирољуб Лешо — српски и југословенски глумец. |
| 1965 | Хосе Луис Чилаверт — парагвајски фудбалски голман. |
| 1972 | Јанко Нинов — македонски поет. |
| 1977 | Џонатан Рис Маерс — ирски глумец. |
| 1983 | Горан Пандев — македонски фудбалер. |
| 1987 | Марек Хамшик — словачки фудбалер. |
| 1997 | Микеле Ди Грегорио — италијански фудбалски голман. |
| 2001 | Мигел Гутиерес — шпански фудбалер. |
Починале
[уреди | уреди извор]| 916 | Климент Охридски — сесловенски просветител. |
| 1061 | Никола II — римски папа. |
| 1841 | Михаил Лермонтов — руски поет. |
| 1844 | Џон Далтон — англиски хемичар и физичар. |
| 1880 | Мохамед Реза Пахлеви — шах на Иран. |
| 1946 | Гертруда Стајн — американска писателка. |
| 1950 | Вецко Домазетовски — македонски есеист. |
| 1981 | Вилијам Вајлер — американски режисер. |
| 1982 | Загорка Миќиќ — југословенски и македонски доктор по филозофија. |
| 1998 | Златко Чајковски — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 2001 | Сељман Нухиу — поранешен член на ОНА. |
| 2010 | Димитар Циев — југословенски и македонски одбојкар. |