Опиум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Опиум
Opium pod cut to demonstrate fluid extraction1.jpg
Сок добиен со режење на афионот
Билен Опиум
Се добива од афион (Papaver somniferum)
Делови од растението сок
Геогр. потекло Индокина
Активни состојки морфин, кодеин
Главни производители Авганистан (глав.), Пакистан, Северна Индија, Тајланд, Лаос, Мјанмар, Мексико, Colombia, Унгарија
Главни потрошувачи во светот (#1: САД)
Големопрод. цена $3.000/кг
Малопрод. цена $16.000/кг
Режење на чашката на афионот

Опиумот е супстанција што се добива со засекување (режење) на зелените чашки на посебен вид афион - опиумски афион (Papaver somniferum) од кои истекува млечен сок. Таквиот сок потоа се суши на воздух додека не се добие кафеава смеса.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Сиров опиум

Ваквата смеса содржи преку 20 алкалоиди, од кои некои се присутни како слободни, а другите се врзани за сулфурна или меконска киселина. Најголема практична примена имаат четири алкалоиди на опиумот:

Квалитетот на опиумот се одредува според количината на морфинот, и зависи од поднебјето каде се одгледува афионот. Се проценува дека една од најквалитетните сорти афион расте во Македонија и тој содржи меѓу 17 и 22% морфин.

Историјат[уреди | уреди извор]

Првите пишани податоци за употребата на опиумот потекнуваат уште од најстарата човекова историја, односно од III век п.н.е.

Употреба[уреди | уреди извор]

Алкалоидите на опиумот се користат во медицината како аналгетици (морфинот се уште е најефикасниот аналгетик, иако не е најсоодветен поради својствoтo на зависност) за сузбивање на сувото, непродуктивно кашлање (кодеин).

Морфинот е 10 пати посилен од опиумот и тој го отстранува болките и не предизвикува непријатни чувства. Поради ова многу бргу бил прифатен од медицината. Но, сепак тој имал некои несакани ефекти, односно кај луѓето создава зависност (наркоманија). Затоа, се уште се бара најдобрата верзија на морфин.

Најголеми производствени региони на опиум во светот

Хероинот е полусинтетски производ на опиумот, создаден во 1897 година од германската фармацевтска компанија Баер, како смирувачко средство. Тој е околу три пати посилен од морфинот и брзо станал важен лек во медицината. Во Првата светска војна морфинот помагал во олеснувањето на болките за илјадници ранети во борбите. Сепак, многу брзо луѓето сфатиле колку е штетен за здравјето и каква тешка зависност би можел да предизвика.

Производство[уреди | уреди извор]

Во последните неколку години најголеми производители на опиум во светот се Авганистан, Мјанмар и Лаос, а неговата намена не е за медицински потреби, туку истиот се продава илегално како на нарко-пазарите во светот. Во 2007 година, Авганистан произвел 8.200 тони опиум и тој го снабдува глобалниот пазар на опијати со 93% од вкупното производство во светот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]