Иван Ачков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 27 јули 1874
Струга, Македонија
Починал 21 декември 1939
Софија, Бугарија

Иван Ачков е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Иван Ачков е роден на 27 јули 1874 година во градот Струга, тогаш во Отоманската империја. Завршил педагошко училиште и предавал во Солун, Велес, Струмица и на други места. Во Неделното училиште на Организацијата, ги изведувал училишните предавања [1]. Во 1895 година се вклучува во Организацијата на покана на Гоце Делчев. Тој бил касиер е на Велешкиот револуционерен комитет во периодот меѓу 1895-1896 година и на Струмичкиот револуционерен комитет во 1896-1897 година. Умира во Софија на 21 декември 1939 година [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Л. Димитров, През време на учителствуването ми в Солун..., 5
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 106