Михаил Даев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Mihail-Daev.jpg
Роден 1881
Балчик, Бугарија
Починал 30 октомври 1907
Либјахово

Михаил Даев бил бугарски револуционер, учесник во македонското и одринското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Одзади: Петко Пенчев, Јане Сандански, Георги Моаџирчето. Напред: Михаил Даев, Лопово, јануари 1905 г.

Тој е роден е во Балчик, Бугарија, во 1881 година. Образованието го стекнува во Варненската гимназија, каде Пејо Јаворов го врбува за Организацијата. Во 1900 година пристапува во четата на Христо Чернопеев и се бори во Источна Македониja. Во 1903 година е во четата на Михаил Герџиков. Делегат е на конгресот на Одринскиот револуционерен округ.[1] За време на Илинденското востание учествува со своја чета во Одринско, а по убиството на Георги Кондолов го презел раководството на здружените чети. Во јуни 1905 година, на конгресот на Серскиот револуционерен округ Даев бил назначен за војвода во Драмско.

Откако судирот помеѓу левицата и десницата во Организацијата се заострил, Даев добива наредба од серчани физички да ги ликвидира задграничните претставници на Организацијата, Иван Гарванов, Христо Матов и Борис Сарафов. Но Даев се разочарува од Јане Сандански и се свртува против него. Решава да ја искористи блискоста со Сандански за да го убие. Во септември 1907 година, преку Тодор Паница, испраќа писмо до Гарванов, во кое го известува за своите намери. Но, Паница, иако Даев му е кум, писмото го предава на Сандански. По добивањето на писмото Серскиот окружен комитет на 10 октомври ги осудува Сарафов, Гарванов и Даев на смрт. Даев е првиот од овие тројца ќе загине. Откако ќе биде фатен, се самоубива на 30 октомври 1907 година во с. Либјахово. Со неговата смрт започнуваат меѓусебните убиства во Oрганизацијата.

Христо Силјанов за Даев вели:

Убавец, со големи црни очи, смолиста брада и коса, Даев ги шармираше младите со својот боречки идеализам...

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. „Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник“, София, 2001, стр. 40.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]