Александар Кошка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Alexander Koshka Gopesh IMARO.JPG
Роден 1873
Гопеш, Битолско, Македонија Македонија
Починал 22 мај 1907
помеѓу Сливница и Курбиново, Ресенско, Македонија Македонија

Александар Кошка (влашки: Alexandru Coshca; 1873, Гопеш, Битолско - 22 мај 1907, помеѓу Сливница и Курбиново, Ресенско) — македонски револуционер и романски офицер[1], учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација

Биографија[уреди | уреди извор]

Кошка е роден во битолското село Гопеш во 1873 година. Во Битола завршил романска гимназија, а потоа студирал медицина во Букурешт. Тој бил ден од најактивните влашки членови на ВМОРО. Во 1902 година се вратил во Македонија и се вклучил во редовите на ВМОРО. Во 1903 година бил во четата на Парашкев Цветков. Учествувал во Илинденското востание како војвода во Пелистер. По востанието ги организирал влашки села во Битолско и Пинд. Загинал со уште четворица свои четници во 1907 година [2][3]. Васил Балевски за него рекол:

Власите беа во нашата организација, комитетите им беа согласни централно. Војвода им беше Александар Кошка, одличен човек[4]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски преглед, XXVI, 2003, бр.2, стр.50
  2. Кратка биографија на Александар Кошка
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 85.
  4. „Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр.59