Прејди на содржината

Петар Христов - Германчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Христов
Роден 1867 година
Герман, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Починал 28 февруари 1907(1907-02-28) (возр. 39–40)
близу Дробитишта, Битолски Вилает, Османлиска Империја

Петар Христов - Германчето[1] (1867, Герман - 28 февруари 1907, Дробитишта) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација [2].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Петар Дамов Христов, познат и како Петре Дамовски, е роден во 1867 година, во селото Герман, Леринско. Во 1899 година, тој влегол во ТМОРО и станал селски војвода. Во 1901 година, османлиските власти го уапсиле и осудиле на 6 години робија, но во 1903 година бил амнестиран. Учествувал во Илинденското востание како војвода. По Востанието, заминал за Соединетите Држави и оттаму се вратил во 1905 година. Повторно основал чета и како нејзин војвода дејствувал против Османлиите и андартите во Преспанско, особено Наколец. На 28 февруари 1907 година, тој бил опколен од османлиската војска кај селото Дробитишта. За да не им падне жив во рацете, Петар Христов се самоубил. Неговиот син Герман Дамовски ја продолжил традицијата во борбата за ослободување на Македонија, како раководител на НОФ.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 91
  2. Кратка биография на Петар Христов

Поврзано

[уреди | уреди извор]