Георги Казепов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Георги Казепов
Georgi kazepov.jpg
македонски револуционер
Роден 21 февруари 1880
с. Калиманци, Светиврачко, Пиринска Македонија
Починал 23 септември 1923
Flag of Bulgaria.svg Пиперица, Светиврачко, фбугаПиринска Македонија
Четата на Георги Казепов

Георги Казепов или Ѓорѓи Казапов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и воjвода на Македонската револуционерна организација [1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Казепов e роден на 21 февруари 1880 г. во село Калиманци, Мелничко, со името Георги Ангелов Стојанов. Завршил педагошко училиште во Сер во 1900 г., кога и станува член на ТМОРО.

Од 1900 до 1903 г. бил учител во Марикостиново, Бељово и Черешница, а во 1903 г. во Мелник. За време на Илинденското востание се борел во четата на Јане Сандански и Илија Крчовалијата. По востанието е уапсен, но успеал да избега и да се приклучи во четата на Сандански како нелегален член. Тогаш ја менува фамилијата со таа на убиениот војвода Андреј Кезепов.

Во наредната 1905 година е избран за секретар на околното раководство на ТМОРО во Мелник. Под негово раководство дава голем отпор на грчките андартски чети во регионот.

Од тогаш е војвода на самостојна чета, а на конгресот на Серскиот револуционерен округ (1907) вклучен е во Окружниот револуционерен комитет.

Во 1908 г. сe легализира и учествува во создавањето на Народната федеративна партија. Учествува во одредот на Јане Сандански, кој зел учество во симнувањето на султанот Абдул Хамид. Следната година, кога Младотурците сакале да го затворат Сандански, тој со својата чета го опколил Мелник и го ослободил.

Учествува во Балканските војни, а после тоа станува книжар во Мелник.

Во 1920 година е избран за градоначалник на градот. Во 1921 се преселува во Софија, а од 1922 година е пак се враќа во Марикостиново. Убиен е на 23 септември 1923 од страна на ВМРО.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995.
  • Енциклопедия България, Том 3, София, Издателство на БАН, 1982.
  • Макдермот, Мерсия. „За свобода и съвършенство - биография на Яне Сандански“, София, 1987, Наука и изкуство, стр. 176, 177