Дончо Црцоријски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дончо Црцоријски — македонски револуционер, подоцна србоман и деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, подоцна преминал во српската вооружена пропаганда во Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Црцоријски е роден во Голема или Мала Црцорија, тогаш во Османлиското Царство. Првично станува деец на ВМОРО. Поминува во српска служба по Првата светска војна. Станува водач на чета, со која го тероризирал населението во Вардарска Македонија, најмногу ги тероризирал Македонците од Кумановско и Паланечко.

Во 20-те години на XX век жителите на Кнежево се подложени на репресии од страна на српските власти и паравоените сили, предводени од Дончо Црцоријски и Мино Станков. Многумина се тепани и мачени, некои куќи се изгорени, а многу жени, особено сопругите на избеганите во Бугарија, се силувани или принудени да се омажат за Срби [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, с. 593-596.