Дине Дробенов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Dine Drobenov Dinkata Tarlis IMARO.JPG
Роден непознато
Трлис,Драмско Егејска Македонија
Починал 5 февруари 1910
Сер, Егејска Македонија

Костадин Иванов Дробенов, познат како Дине или Динката бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дине Дробенов е роден во Трлис, тогаш во Отоманската империја. Се приклучува во редовите на ВМОРО и првично е четник при Гоце Делчев, а потоа кај Атанас Тешовалијата. Потоа формира сопствена чета во Неврокопско. Учествува во Илинденското востание во 1903 година. Во 1905 година е делегат на Серскиот окружен конгрес. На 8 јули 1908 година во Ковачевица го убива поранешниот војвода Петар Милев, кој влегува во конфликт со Јане Сандански.

Во 1909 година Дробенов заедно со Георги Занков и Стефан Чавдаров се обидува да ја обнови организацијата во Серско, но четата им е разбиена помеѓу селата Трлис, Лески и Крчово од 20 жандари и милиционери санданисти, под водство на мудурот на Горно Броди, Владимир Икономов, Таската Серски и Чудомир Кантарџиев. Чавдаров, заедно со тројца четници бега во Драмско, Занков се спасува во Горноџумајско, каде што повторно е разбиен и повреден, а Дробенов заедно со четворица четници е уапсен. По разбивањето на четата избувнува Неврокопска афера, во која се уапсени многу дејци на десницата , меѓу кои Стојан Филипов и Стојан Малчанков, а Георги Радев е принуден да стане нелегален.

Дробенов, Филипов, Млчанков и уште 5 лица се осудени на смрт. Подоцна по протестот на бугарскиот конзул во Солун, пресудите на сите, без Дробенов, се заменети со доживотен затвор. Дробенов е обесен од турските власти на Ат пазарот во Сер на 5 февруари 1910 година [1][2]. Во претсмртниот говор истакнал:

Јас го напуштив семејството и го прифатив скитничкиот живот не за да се борам против државата, туку за да го спасам животот од Сандански... неколку пати се обиде да ме убие. Јас умирам невин и целосно смирен. Ако во таа држава имаше правда, требаше наместо мене да виси на бесилката Сандански, кој убил досега илјадници невини луѓе, но во Турција нема правда и затоа државата е осудена на умирање. [3]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 52.
  2. Списък на Събитията от сайта на МНИ
  3. Дебърски глас, година 1, брой 46, 12 февруари 1909, стр. 4.