Александар Малинов (револуционер)
| Александар Малинов | ||
| Роден | 19 јануари 1871
Ново Село, Призренски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 6 јануари 1904
Ново Село, Косовски Вилает, Османлиско Царство | |
Александар Малинов — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Александар Малинов e роден е во Ново Село, непосредно до Штип, на 22 декември 1899 година. Бил многу храбар и решителен револуционерен деец.
Со својата храброст се прославил и заслужено влегол во алејата на бесмртните со подвигот што го направил на 6 јануари 1904 година. Случајно откриен поради непретпазливост на некоја жена и опкружен од османлиска војска во штипско Ново Село, Малинов не се предал, туку храбро ја прифатил борбата, убивајќи 16 османслиски војници, 1 муљазим и 1 јусбашија.
Иако тешко ранет, успеал да се пробие од обрачот. Меѓутоа, како последица на раните набрзо починал. Овој македонски јунак бил погребан ноќе, тајно, од штипските граѓани во дворот на црквата „Св. Арангел“.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Биографија на Александар Малинов“. Посетено на 2010-11-21.
| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |