Ново Село (штипска населба)
- Ова е статија за населбата до градот Штип. Да не се меша со истоименото село во јужниот дел на Општина Штип.
Ново Село | |
Поглед на Ново Село од Исарот | |
Координати 41°44′6″N 22°10′55″E / 41.73500° N; 22.18194° EКоординати: 41°44′6″N 22°10′55″E / 41.73500° N; 22.18194° E | |
Општина | Штип |
Население | 3636 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 30002 |
Надм. вис. | 300 м |
![]() |
Ново Село — населба во градот Штип и многу познато некогашно село.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ново Село се наоѓа во урбаното штипско подрачје и претставува предградие на Штип. Приодот до Ново Село е по течението на реката Отиња, која во самото село се влева во Брегалница. Селото е сместено на двете страни од Брегалница при што поголемиот дел е на левата страна. Веднаш над Ново Село се наоѓа ридот на којшто е изградена штипската тврдина, Исарот.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Ново Село е една од најстарите населби во Штип. Иако нема прецизни податоци за нејзиното формирање, се претпоставува дека Ново Село постоело како посебна населба уште пред XIII век, а за тоа сведочат бројните цркви од тој период, меѓу кои е и црквата св. Спас, која е најстарата црква во околината на Штип. Во текот на XIII и XIV век, Ново Село било вакаф на султанот Бајазит, а потоа, во времето на султанот Мурат, Ново Село било прогласено за војничка и чуварска населба, со што добило посебни права и привилегии. Според пописот од 1519 година, во Ново Село живееле 21 христијански семејства. Во пописните дефтери од 1570 година, во Ново Село биле регистрирани 30 христијански семејства, и 5 неженети, христијани. Бидејќи се попишувале само главите на семејствата, се споменуваат следниве имиња:
Пејо Поп, Стојко Нове, Нове Ѓуро, Стојко Донко, Марко Сиромах, Никола Станко, Михаил Стојко, Јован поп, Мицко Крагуј, Стојко Дејан, Димитри Данчо, Младен Изломиран, Бејто Сиромах, Павле Петко, Пејо Светко, Петко Никола, Илија Васил, Велчо Говедар, Ѓорѓ(е) Јове, Павле Дојчин, Миле Петро, Јован Војо, Никола Војо, Велчо Пројко, Бејто Домазет, Никола Папуџија, Стојко Продан, неженет, Стојко Дојчин, неженет, Јован Велчо, неженет, Миле Дојчин, неженет, Томчо Папуџија, неженет.[2]
Во XIX век, Ново Село имало важна улога во будењето на националната свест и борбата против турското ропство, особено со доаѓањето на Дамјан Груев и Гоце Делчев, кои во Ново Село работеле како учители.[3]
На почетокот на XX век Ново Село било населено исклучиво со македонско христијанско население кое било под удар на бугарската пропаганда. Сите негови жители потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 3.616 Македонци (сите под егзархијата) и работеле две бугарски училишта — едно основно и едно прогимназијално со 412 ученици.[4][5]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2002 година, населбата Ново Село има над 3.636 жители, сите Македонци.[1]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[6]
- „Успение на Пресвета Богородица“ - главната селска црква, завршена во XIX век. Таа е дело на Андреја Дамјанов, а во неа посебно се истакнува балдахинот.[1]
- „Вознесение Христово“ - изградена е 1369 година од војвода Димитрие;
- „Св. Јован Крстител“ - мала еднокорабна црква, изградена високо на карпите од десната страна на патот Штип - Ново Село;
- „Покров на Пресвета Богородица“ - камен темелник поставен на 1 август 2012 година;[7]
- „Св. Димитриј“ - камен темелник поставен на 17 мај 2014 година;[8]
- „Св. Троица“ — гробјанска црква изградена од 1922 до 1925 година, кога е и осветена и не е познато од кој архиереј. Црквата е ктиторско дело на Тодор Чепреганов од Штип;
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Калимерово — населба од доцноантичко време;
- Марков Камен — некропола од хеленистичко време;
- Орлов Дол — каптажа и водовод од римско време;
- Паскова Чешма — осамен наод од римско време;
- Црква Св. Спас — црква и некропола од среден век;
- Друго
- Музеј на ВМРО за Штип и штипско (1893-1934) — отворен на 20 декември 2014 година кој се наоѓа во старата Андонска куќа.[10]
- Гимназиската зграда во која е сместен ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“.[1]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Александар Матески, „Ново Село“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 106.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од 1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.75
- ↑ ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 42-43.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, рр. 134-135.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Освет на камен темелник за изградба на црква посветена на Покровот на Пресвета Богородица во Ново Село – Штип
- ↑ КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА НОВА ЦРКВА ВО ШТИПСКО НОВО СЕЛО
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ Љ.Ш., „Утре во Ново Село ќе биде отворен музеј со восочни фигури на револуционери“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 21.