Сава Михајлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
SavaMihajlov.jpg
Роден 1877
село Мачуково, Гевгелиско, Егејска Македонија
Починал 1 март 1905
краj Смол

Сава Михаjлов (1877 - 1905), македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Потртет на Сава Михајлов
Споменик на Сава Михајлов, Гевгелија

Завршува гимназиjа во Солун и потоа е учител во Горна Џумаја, каде што е и реонски раководител на ТМОРО. Таму е предаден и по фаќањето на мис Стон, се присоединува кон четата на Јане Сандански.

Од почетокот на 1903 е војвода во Гевгелиско.

Учествува во Илинденското востание и заедно со Аргир Манасиев организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар крај Гевгелија.

Загинува на 1 март 1905 година кај селото Смол, Гевгелиско. Предадени од некои овчари Арнаути, заедно со четата на Апостол Петков (заедно 42 лица) се опколени од турска војска.

Во борбата загинуваат 36 души, меѓу нив и Сава Михаjлов, а војводата Апостол Петков, ранет во петата, со петмина четници успеваат да се спасат [1].

Сава Михајлов сам се отрул, за да не биде фатен жив од Турците. Турската влада им доделува награди на сите учесници од турска страна со медали, пари итн.

За време на НОБ во Втората светска војна гевгелискиот партизански одред го носел името на Сава Михајлов.

Цитати[уреди | уреди извор]

Уште како ученик во Цариград кај мене се роди идејата за независност од Османлиите, но посуштински таа созреа во Солун, каде што имавме ученички кружок и дознавме дека нешто се работи. Знаевме дека Даме Груев, кој беше тогаш во Штип, работи нешто против Османлиите, но дека има некаква организација, не знаевме... Кога заминав во Кавадарци како учител, уште не бев посветен на делото... Од крајот на 1895 го дина станав член на Организацијата [2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Христо Силянов. Борбите към Енидженското езеро, ч.1, (из "Освободителните борби на Македония", т.II)
  2. ЖИВОТ ПРЕД ОЛТАРОТ НА ТАТКОВИНАТА

Галерија[уреди | уреди извор]