Смол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Смол
Μικρό Δάσος
Смол is located in Грција
Смол
Смол
Местоположба во областа
Смол is located in Пајонија (општина)
Смол
Местоположба на Смол во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°4.11′N 22°34.15′E / 41.06850° СГШ; 22.56917° ИГД / 41.06850; 22.56917Координати: 41°4.11′N 22°34.15′E / 41.06850° СГШ; 22.56917° ИГД / 41.06850; 22.56917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно400
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.61200
Повик. бр.23430

Смол или Смољ (грчки: Μικρό Δάσος, Микро Дасос; до 1927 г. Σμόλη, Смоли[2]) — гевгелиско село во Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 38 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Бојмија, 8 км северно од Ругуновец и 6 км јужно од граничниот премин Мачуково, долж магистралата Солун - Скопје (А1).[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Напис во „Њујорк тајмс“ од 1905 г. за битката кај Смол меѓу четите на Сава Михајлов и Апостол Петков и турската војска и башибозук.

Селската црква „Св. Архангели“ е подигната во XIX век од видниот градител Андон Китанов.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смол (Smol) било село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 32 домаќинства и вкупно 145 Македонци.[5][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смол имал 160 жители, сите Македонци.[5][7] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Смол имало 168 Македонци под егзархијата[5] и во него работело бугарско училиште.[8] Во овој период Боривое Милоевиќ во селото завел 35 македонски куќи.[3]

Во 1895–1896 г. во селото е основан комитет на ВМРО.[9] На почетокот на 1905 г. во Смол избил судир помеѓу македонска чета и турската војска, која завршила со тројца мртви од турска страна и еден ранет од македонска. По ова селото било подложено на значајни репресии: црквата била ограбена, а многу жители биле уапсени и претепани.[10] На 1 март истата 1905 г. четите на Апостол Петков и Сава Михајлов биле обиколени од турската војска и башибозукот. Ова петчасовно крвопролевање, познато како Битка кај Смол, завршило со смртта на 40 четници и самоубиството на војводата Сава Михајлов се самоубил. Единствено се спасил војводата Апостол, кој бил ранет во петата, заедно со неговиот четник Илија Личев. Тие се префрлиле крај Ениџевардарското Езеро, а потоа и крај Арџанското.[11]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Селото речиси целосно настрадало во Втората балканска војна, а неговото население пребегнало во Струмица, Гевгелија и Бугарија.[3] Истата 1913 г. Смол бил припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор, а во селото останал само 21 жител[3] Во 1924 г. грчките власти на местото на иселените Македонци довеле Грци од Понд и Кавказ. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско со 93 семејства од вкупно 360 грчки доселеници.[12] Претходната 1927 г. селото е преименувано во Микро Дасос, што во превод значи „мала шума“.[13]

Во следниот период, селото доживеало значаен пораст, така што во 1940 г. достигнало 623 лица. Во 1951 г. населението изнесувало 600, а во 1961 г. — 613 жители. Потоа почнало да опаѓа: во во 1971 г. се заведени 426 жители, во 1981 г. бројката се зголемила на 510, за повторно да опадне на 415 жители во 1991 г.[3] Во 2001 г. повторно е забележан пораст со 512 жители, па повторно пад на 400 во 2011 г.

Селската црква „Св. Архангели“ е прогласена за историски споменик на 27 јуни 1987 г.[14]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 623 600 613 462 510 415 512 400
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото се смета за сиромашно, иако е сместено во поле. Главни земјоделски производи се пченицата и тутунот, а донекаде застапено е и сточарството, особено краварството.[3]

Родени во Смол[уреди | уреди извор]

Иван Тодев
  • Григор Стојанов — револуционер, деец на ВМРО[9]
  • Иван Смоларски (1877–?), македоно-одрински опълченец, 1 и 4 рота на 14 воденска дружина[15]
  • Иван Тодев (?–1905) — револуционер
  • Лазар Вантов — револуционер, деец на ВМРО[9]
  • Мицо Арџанлиев — револуционер, деец на ВМРО[9]
  • Стојко Чурлинов и синот Христо — револуционери, дејци на ВМРО[9]
  • Јано Белчев — револуционер, деец на ВМРО[9]
  • Јано Кехајов (?–1901) — револуционер

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σμόλη -- Μικρό Δάσος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 123. 
  4. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 206. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 168-169
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 151.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 194-195.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 50, ISBN 9549514560
  10. Лабаури, Дмитрий Олегович. Болгарское национальное движение в Македонии и Фракии в 1894—1908 гг: Идеология, программа, практика политической борьбы, София 2008, с. 140—141.
  11. Петров – Македонски, Благой. Наранена земя, Бургас, 1995, стр. 82
  12. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  13. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  14. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. конс. 20 октомври 2014. 
  15. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 619.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]