Крастали
Изглед
| Крастали Κορώνα | |
|---|---|
| Координати: 41°9.45′N 22°40.3′E / 41.15750°N 22.6717°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Кукуш |
| Општина | Пајонија |
| Општ. единица | Ругуновец |
| Надм. вис. | 19 м |
| Население (2021)[1] | |
| • Вкупно | 38 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Крастали (грчки: Κορώνα, Корона, до 1926 година Κράσταλη, Крастали[2]) — село во Грција, Општина Пајонија, област Централна Македонија. Населението брои 38 жители (2021).
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено северно од градот Ругуновец (Поликастро), на самата границата со Република Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Во почетокот на XX век Крастали е турско село во Гевгелиската каза на Отоманското Царство. После Втора балканска војна во 1913 година селото влегува во состав на Грција. Населението се иселува во Турција, и на негово место се населени Грци бегалци. Во 1928 година селото е цело бегалско со 32 семејства и 91 жител бегалци.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κράσταλη -- Κορώνα
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
| ||||||||||||||||||||||||||||||