Колиби (Кукушко)
Колиби Ειρηνικό | |
---|---|
Координати: 41°8.13′N 22°40.7′E / 41.13550° СГШ; 22.6783° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Ругуновец |
Надм. вис. | 235 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 63 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 61200 |
Повик. бр. | 23430 |
Колиби (грчки: Ειρηνικό, Иринико; до 1954 г. Καλύβια Γιαννελλαίων, Каливија Јанелон[2]) — гевгелиско село во Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 63 жители (2011).
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во областа Бојмија, северно од градот Ругуновец, близу границата со Р Македонија.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век оваа колибарска населба ѝ припаѓала на Гевгелиската каза и е именувана различно од разни попишувачи — Колиби, Колибалар, Алчакчи, Долни Колиби итн.[3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Колибите има население од 100 жители Македонци.[4][5] На почетокот на XX век целото население на Колибите потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Колибите Алчакчи (Kolibité Altchaktzi) живееле 90 Роми.[6] Боривое Милоевиќ во овој период исто така го бележи како ромска населба со 15 куќи.[3]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Населбата се распаднала во Балканските војни, па при нејзиното припојување кон Грција 1913 г. според Букурешкиот договор во неа се доселени 75 Грци од Суфли во Тракија. Во текот на следнот период доселениците го напуштиле селото поради непогодните услови за живот.[3]
По 1933 г. на извесно растојание од старата населба е подигната нова колибарска населба од каракачански семејства од родот Ѓанели (или Јанели), и станала позната како Колиби на Ѓанелите (Каливија Јанелон). Овие подоцна ја изградиле како вистинско село од тврд материјал.[3] Во 1940 г. во селото се заведени 122 жители. По 1941 г. овде се доселиле и извесни семејства од селото Даутли кое потоа е напуштено поради положбата на државната граница. Така, во 1951 г. 153 жители, кои во 1961 г. пораснале на 189.[3] Во 1971 г. селото достигнало 201 жител, но потоа бројноста на населението почнала да опаѓа. Во 1981 г. населбата имала 177 жители, кои во 1991 г. станале 155.[3] Падот продолжил и во текот наследните десетлетија, за во 2001 г. да бидат попишани 177, а во 2011 г. само 63 жители.
Во 1954 г. селото е преименувано во Иринико, што значи „мирно“.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 122 | 153 | 189 | 201 | 177 | 155 | 117 | 63 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καλύβια Γιαννελλαίων -- Ειρηνικόν
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 100.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 152.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 194-195.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|