Грипа (село)
Изглед
Грипа | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°2.8′N 22°24.51′E / 41.0467°N 22.40850°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Грипа — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало на источните падини на планината Пајак, близу местото кајшто се спојуваат реките Голема (Валија Маре) и Студена (Валија Раци). Лежело меѓу селата Купа и Црна Река.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Грипа било македонско село распаднато на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Жителите се преселиле во селата Баровица и Црна Река. Нивните потомци сè уште го паметат своето потекло. Меѓу нив познато е семејството Шашови.[1] Месноста и денес го носи името Грипа.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 57. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
|