Горгопик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горопик
Горопик is located in Грција
Горопик
Горопик
Координати: 40°57′N 22°31′E / 40.950° СГШ; 22.517° ИГД / 40.950; 22.517Координати: 40°57′N 22°31′E / 40.950° СГШ; 22.517° ИГД / 40.950; 22.517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Население (2001)[1]
 • Вкупно960
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Горгопик или Горгоп (грчки: Γοργόπη, Горгопи) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Горгопик е сместено на четири километри југозападно од Бојмица и шест километри источно од Гуменџе, на самиот пад од Бојмица за Гуменџе во етнографска област Бојмија[2]. Горгопик е расположено на надморска височина од 80 метри[2]. Тоа претставувало самостојна општина со површина од 25 километри квадратни во чиј состав влегувало и селото Тушилово[2].

Историја[уреди | уреди извор]

Во минатото, селото Горгопик било населено исклучително со македонско население, при што во статистиките на К'нчов од 1910 се споменува со 760, а Бранков го запишал со 920 македонски жители, додека Егзархиската статистика од 1910 го води со 127 македонски семејства со 640 жители[2]. Во 1923 - 1925 година, под притисок на грчките власти во Бугарија биле иселени 106 македонски семејства си вкупно 484 жители, а на нивно место властите населиле 123 бегалски семејства од Источна Тракија, Понд и Мала Азија со вкупно 499 бегалци[2]. Според статистиките на НОФ во 1940 година од 1072 жители, 500 биле Македонци меѓутоа изгледа дека оваа бројка била претерана, бидејќи бројот на Македонците бил нешто помал[2].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е прилично богато, бидејќи лежи во самото поле, а дел од земјиштето се наводнува[3]. Населението произведува многу тутун, десертно грозје, пченица, овошје и одгледува многу градинарски култури[3].

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година селото е евидентирано само со 677 жители, додека во 1920 година Горгопик имало 635 жители. Со населувањето на бегалски семејства во Кавказ и Понд, бројот на жителите во 1928 нараснува на 778, во 1940 се искачува на 1072, во 1951 благо опаднал на 1049, во 1961 повторно пораснал на 1143, за да опадне во 1971 на 1044, во 1981 на 955, а во 1991 повторно да порасне на 1189 жители[3].

години население
1928 778
1940 1072
1951 1049
1961 1143
1971 1044
1981 955
1991 1189
2001 960

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Под притисок на грчките власти во Бугарија биле иселени 106 македонски семејства со вкупно 484 жители.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски Христов, Тодор (1998) (на македонски). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 56. ISBN 9989-9819-4-9. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Кукушки округ (XI/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. Скопје: Институт за национална историја. стр. 57.