Аматово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аматово
Άσπρος
Аматово is located in Грција
Аматово
Аматово
Местоположба во областа
Аматово is located in Пајонија (општина)
Аматово
Местоположба на Аматово во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°54.4′N 22°37.49′E / 40.9067° СГШ; 22.62483° ИГД / 40.9067; 22.62483Координати: 40°54.4′N 22°37.49′E / 40.9067° СГШ; 22.62483° ИГД / 40.9067; 22.62483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно774
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.61200
Повик. бр.23430

Аматово (грчки: Άσπρος, Аспрос; до 1928 г. Αμάτοβο(ν), Аматово(н)[2]) — село во Кукушко Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 774 жители (2011). Сè до Балканските војни било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа левиот брег на Вардар, 13 км јужно од градот Ругуновец, 25 км југозападно од Кукуш и 43 км северозападно од Солун.[3] Крај него е речиси пресушеното Аматовско Езеро.

Историја[уреди | уреди извор]

На 1,5 км северно од селото е откриена могила со населба од бронзеното време. На 300 м северно од неа има трапезовидна хумка со наоди од животот на ова место во истиот период. Во 1987 г. двете места се прогласени за заштитени историски споменици.[4] Во 1994 г. заштитното подрачје е проширено.[5]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хаматово (Hamatovo) е било село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 40 домаќинства и 194 Македонци.[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 115 жители кои по грешка ги запишал како Турци[8] Во овој период Боривое Милоевиќ во селото исправно завел 30 македонски куќи.[3]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. во Аматово (Amatovo) има 280 Македонци, сите под егзархијата.[6][10]

Во црквата „Св. Јован Богослов“ има икони на мајсторите Зисис Папаконстантину и Димитар Вангелов.[11]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Аматово е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога неговото население броело 154 жители.[3] На почетокот на Првата светска војна селото силно настрадало од грчките власти и во 1914 г. македонското население било принудено да се исели во Бугарија. На негово место се доселени низа грчки семејства од странство, така што во 1920 г. Аматово имало 76 жители.[3] Во 1924 г. во селото се сместени 753 грчки колонисти од Бјала (Источна Румелија) во Бугарија[12] и од други места. Во 1928 г. селото е преименувано на Аспрос, што значи „бел“. Според пописот од 1928 г. селото било наполно дојденско, со вкупно 621 жител (175 семејства).[13]

Во 1940 г. населението пораснало на 895 жители и продолжило да се зголемува. Во 1951 г. се попишани 924, а во 1961 г. — 1.050 жители. Во 1971 г. опаднало на 814 жители, но во 1981 г. се зголемило на 958 лица. Во 1991 г. населението изнесувало 953 жители,[3] кои во 2001 г. паднале на 912, а во 2011 г. на 774 лица.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 895 924 1.050 814 958 953 912 774
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Аматово важи за мошне богато село бидејќи е сместено во поле, со наводнувано земјиште. Се произведува доста жито, памук, тутун и бостан, а застапено е и краварството.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Петар Карајков (?–1944) — курир и четник на војводите Апостол Петков и Иван Карасулијата; живеел во Ругуновец и починал од природна смрт[14]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αμάτοβον -- Άσπρος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 71. 
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ16/14096/597/20-5-1987 - ΦΕΚ 353/Β/6-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. конс. 28 јуни 2018. 
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/48771/2568/19-10-1994 - ΦΕΚ 847/Β/15-11-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. конс. 29 јуни 2018. 
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 162-163
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 166. ISBN 954430424X. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_10.htm. 
  9. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.126.
  10. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pр. 98-99.
  11. „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. конс. 23 јуни 2018. 
  12. Портал на Општина Бјала (бугарски)
  13. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  14. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.565