Димитар Вангелов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Вангелов
Роден(а)?
Петрово, Ениџевардарско
Починал(а)?
?
НационалностМакедонец
ОбразованиеБожин Стаменитов
Занимањезограф, иконописец
Значајни делаво текстот

Димитар Вангелов — македонски зограф и иконописец од втората половина на XIX век.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Петрово, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Учел кај ениџевардарскиот зограф Божин Стаменитов (Емануил Стаматиадис).[1] Вангелов добро го познавал зографскиот занает, но способноста му била скромна.[2]

Триптихот на Вангелов „Умиление Христово“ и други светци од 1890 г.[2] стои во црквата „Св. Илија“ на Витолишкиот манастир во Мариово. Вангелов се потпишал на грчки: „Χειρος Διμιτριου Ευανγγελου εκ Χορου Πετροβου 1890“.[3]

Една негова релативно голема икона (74 × 50 см) на светите браќа Кирил и Методиј се чува во црквата „Св. Илија“ во Фурка, Дојранско. Браќата се во нивната вообичаена поза, а Исус Христос е претставен во полн раст, проследен од два херувима. До нив пишува „Святіи Кириллъ Святіи Меθоди“, а дарителскиот натпис гласи: „Се исподарува сиа икона за вечно спомнение отъ бабата Доста Ристу Цимова отъ село Богданци“. Во десниот долен агол е зографскиот натпис „Изъ руки Димитріа Ванг. отъ село Петрово 1894“.[2]

Неговата икона „Пресвета Богородица со Христос“ од 1897 г. е зачувана во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Гусиње, Црна Гора.[4]

Работел во Солунско. Негови творби има во Гуменџе, во „Св. Атанасиј“ во Црна Река, во „Успение на пресв. Богородица“ во Купа, во „Св. Ѓорѓи“ во Драгомирци, во „Св. Димитриј“ во Бојмица, во „Св. Димитриј“ во Кушиново, во „Успение на пресв. Богородица“ во Оризарци, во „Св. Петар и Павле“ во Тушилово, во „Св. Јован Богослов“ во Аматово, во „Св. Константин и Елена“ во Казаново и во „Св. Петар и Павле“ во родното Петрово.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 290.
  2. 2,0 2,1 2,2 Словенските просветители Кирил и Mетодиј во делата на македонските иконописци од XIX век. – Во: Симпозиум 1100-годишнина од смртта на Кирил Солунски. II, 23-25 мај 1969, Радмила Угринова-Скаловска (главен уредник). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 1970. стр. 55.
  3. Словенските просветители Кирил и Mетодиј во делата на македонските иконописци од XIX век. – Во: Симпозиум 1100-годишнина од смртта на Кирил Солунски. II, 23-25 мај 1969, Радмила Угринова-Скаловска (главен уредник). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 1970. стр. 56.
  4. Макуљевић, Ненад (2015). „Делатност дебарских и самоковских зографа у Босни и Херцеговини, Црној Гори и Северној Србији у XIX веку“ (PDF). Проблеми на изкуството (српски). 48 (4): 21.[мртва врска]
  5. „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.