Драгомирци

Координати: 41°0.35′N 22°39.48′E / 41.00583° СГШ; 22.65800° ИГД / 41.00583; 22.65800
Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгомирци
Βαφιοχώρι
Драгомирци is located in Грција
Драгомирци
Драгомирци
Местоположба во областа
Драгомирци во рамките на Пајонија (општина)
Драгомирци
Местоположба на Драгомирци во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°0.35′N 22°39.48′E / 41.00583° СГШ; 22.65800° ИГД / 41.00583; 22.65800
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно152
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Чешма во Драгомирци околу 1916 г.

Драгомирци или Драгомир (грчки: Βαφιοχώρι, Вафиохори; до 1928 г. Δραγομίρ, Драгомир[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Сè до Балканските војни било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 22 км западно од Кукуш и 10 км источно од Ругуновец.

Историја[уреди | уреди извор]

На 2 км северно од селото е откриена населба од бронзеното време, прогласено за заштитен споменик во 1987 г.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото е изградена во 1806 г.[5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгомирци (Dragomirtzi) е село во Кукушката каза со 90 домаќинства сочинети од 400 Македонци.[6][7]

На крајот од ХІХ век селото било чифлик на еврејскиот банкар Саул Модијано од Солун. Во 1904 г. го закупиле под наем селото од Модијано за 7 години, но пред да истече рокот, го откупиле засекогаш.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Драгомирци се состоело од 480 жители Македонци.[6][9] На почетокот на XX век целото население било под врховенството на Бугарската егзархија и во селото работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгомирци (Dragomirtzi) имало 616 Македонци под Егзархијата и во него работело бугарско училиште.[6][10]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Драгомирци се состоело од 140 македонски куќи.[11]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Населението значително настрадало од грчката војска во овие војни, и највеќето семејства пребегале во Струмичко, каде живеат и денес.[3] Таа година населението се намалило на 129 жители, но властите довеле 40 македонски гркомански семејства од Струмица[12] или Струмичко.[3] Во 1920 г. селото се води со 224 жители.[3] Гркоманските семејства набргу се вратиле во Струмичко, а 40 лица од преостанатите староседелски семејства биле прогонети во Бугарија. На нивно место власта довела Грци од Источна Румелија (Бугарија). Во 1928 г. селото е заведено како мештанско-дојденско со 596 жители,[3] од кои 478 лица (117 семејства) биле Грци дојденци, а останатите биле македонски староседелци кои не се иселиле.[13]

Месности во Драгомирци преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Курија[14] Κουρί Дасаки Δασάκι[15] местност на Ј од Беглерија[14]
Беглерија[14] Μπεϊγλερή Архондика Άρχοντικά[15] местност на Ј од Ситарија и на З од Беглерија[14]
Казаново[14] Καζανόβον Какорема Κακόρεμα[15] река на Ј од Казаново[14]
Казански Ниви[14] Καζανόβου Аплома Άπλωμα[15] местност на ЈИ од Казаново[14]
Беглерија[14] Μπεϊγλερή Вриси Βρύση[15] извор на ЈИ од Казаново и на СИ од Беглерија[14]
Аврет Хисар[14] Αβρέτ Χισάρ Гинекокастрон Γυναικόκαστρον[15] крепост на ЈИ над Женско[14]
Суртараш[14] Σουρτάρας Пиги Πηγή[15] местност на ЈИ од Драгомирци[14]
Суртараш[14] Σουρτάρας Оргома Όργωμα[15] извор на ЈИ од Драгомирци[14]
Аша Маале Άσία Μαχαλέ Синикия Асијас Συνοικία Ασίας[15]
Бара[14] Μπάρα Авлаки Αύλάκι[15] местност на С од Драгомирци[14]
Селемли[14] Σελεμλή Селинос Σέληνος[15] местност на СЗ од Драгомирци[14]
Арџан[14] Άρτζάν Плиромена Πληρωμένα[15] езеро на СЗ од Драгомирци[14]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 844 997 1231 1091 986 868 781 603
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Борци во МОО
  • Георги Делев — борец во I чета на IX Велешка дружина, носител на орденот „За храброст“ IV степен
  • Гоне Вардалиев (1874 – ?) — борец во четата на Иван Ташев со четата на Руша Делчева
  • Мино Топлев (1874 – ?) — борец во Кукушката чета
  • Мито Главов (Мицо Глаов, 1888/1890 – ?) — борец во Кукушката чета, I чета на XIV Воденска дружина
  • Мицо Наков (1866 – ?) — борец во Нестројната чета и IV чета на XIV Воденска дружина
  • Јанак Гонов (1884 – ?) — борец во Кукушката чета[19]
  • Јанаки Георгиев (1886 – ?) — учител, борец во I чета на XIII Кукушка дружина
  • Јанаки Стојанов — борец во Нестројната чета на III Солунска дружина

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 87–88. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ16/14096/597/20-5-1987 - ΦΕΚ 353/Β/6-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 28 јуни 2018.
  5. 5,0 5,1 Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια "Συντεχνία" αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 182. Посетено на 10 јуни 2014.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 160–161. ISBN 954-8187-21-3.
  8. Влахов, Туше (1969). Кукуш и неговото историческо минало (PDF) (Второ допълнено. изд.). София: Наука и изкуство. стр. 170, 217.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 165. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99.
  11. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 32.
  12. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 106.
  13. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  14. 14,00 14,01 14,02 14,03 14,04 14,05 14,06 14,07 14,08 14,09 14,10 14,11 14,12 14,13 14,14 14,15 14,16 14,17 14,18 14,19 14,20 14,21 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  15. 15,00 15,01 15,02 15,03 15,04 15,05 15,06 15,07 15,08 15,09 15,10 15,11 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1047. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  16. Λάμπρου, Σουλτάνα Δ. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου στο Βαφειοχώρι“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2014-12-05. Посетено на 16 јуни 2014.
  17. „Дневник на четите, изпратени в Македония од пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25
  18. Списък на убити партизани
  19. >Можеби истоветен со Јанаки Георгиев.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]