Казаново
| Казаново Κοτύλη | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°58.42′N 22°39.59′E / 40.97367°N 22.65983°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Кукушки |
| Општина | Кукуш |
| Општ. единица | Ругуновец |
| Надм. вис. | 90 м |
| Население (2021)[1] | |
| • Вкупно | 20 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Казаново (грчки: Κοτύλη, Котили; до 1928 г. Καζάνοβο, Казаново[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021). Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено на околу 8 км југоисточно од градот Ругуновец.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Казаново (Cazanovo) е село во Кукушката каза со 40 домаќинства на 1.848 Македонци.[4][5]
Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Казаново (Kazanovo) било село во Кукушката каза со 240 Македонци и во него работело бугарско училиште.[4][7]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Казаново имало 25 куќи на Македонци христијани.[8]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Втората балканска војна во 1913 г. селото било опустошено, а населението побарало спас во Вардарска Македонија. Истата година тоа е припоено кон грчката држава согласно Букурешкиот договор, а на пописот од таа година се води како напуштено.[3]
По Првата светска војна атарот на селото е откупен од неколку велепоседнички семејства на чело со родоначалникот Котили, по кој е дадено неговото ново име. Поседниците се стекнале со 750 хектари првокласна земја. Во 1920 г. селото имало 53 жители, а во 1928 г. тие биле 42.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 112 | 151 | 131 | 88 | 53 | 67 | 40 | 16 | 20 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Константин и Елена“ од 1851 г., прогласена за историски споменик[9]
Личности
[уреди | уреди извор]
- Вангел Казански (1860 – по 1943) — револуционер
- Јане Казански — револуционер, деец на ВМОРО
- Јане Георгиев — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев[10]
- Гоце Запрев (Запров, 1884/1885 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIV Воденска дружина[11]
- Jордан Христов (1885 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, XIV Воденска дружина[12]
- Мице Колев (1879 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, IV чета на XIV Воденска дружина[13]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- 1 2 3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 95. ISBN 9989-9819-6-5.
- 1 2 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 161–162. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Шалдевъ, Хр (1936). „Екзархъ Йосифъ I за задачата на Екзархията следъ 1887 год“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Илинденска организация. 9 (79): 1. Text " langx" ignored (help); Занемарен непознатиот параметар
|month=(help) - ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 32.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 – ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 20 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар
|arhiveurl=(help) - ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 108 и 263. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 769. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 355. ISBN 954-9800-52-0.
| ||||||||||||||||||||||||||||||