Прејди на содржината

Даутли (Гевгелиско)

Координати: 41°9.51′N 22°39.41′E / 41.15850° СГШ; 22.65683° ИГД / 41.15850; 22.65683
Од Википедија — слободната енциклопедија
Даутли
Αμπελοχώρι
Даутли is located in Грција
Даутли
Даутли
Местоположба во областа
Даутли во рамките на Пајонија (општина)
Даутли
Местоположба на Даутли во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°9.51′N 22°39.41′E / 41.15850° СГШ; 22.65683° ИГД / 41.15850; 22.65683
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Даутли (грчки: Αμπελοχώρι, Амбелохори; до 1926 г. Δαουτλή, Даутли[1]) — поранешно гевгелиско село во Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало северно од градот Ругуновец, на самата границата со Р Македонија јужно од Севендекли и западно од Крастали.

Историја

[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век Даутли било турско село во Гевгелиската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Даутлиј имал 225 жители Турци.[2] По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција, кога имало 272 жители. Како последица од Првата светска војна, во 1920 г. населението се намалило на 128 жители. Турското население во 1924 г. се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки доселеници од Понд.[3], а во 1926 г. државата го преименува во Амбелохори. Така, во 1928 г. во Даутли се попишани 33 семејства со вкупно 97 жители, сите дојденци.[4] Во пописот од 1940 г. во Даутли се заведени 111 жители.[3] Во 1941 г. добар дел од жителите се преселиле во селото Колиби. Според Симовски, селото продолжило да постои сè до 1951 г. кога преостанатите 60 жители се иселиле во кукушкото село Севендекли, каде се прибрале и жителите од неколку околни села, сместувајќи се во новоизградени државни станови.[3]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 111 60
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δαουτλή -- Αμπελοχώρι
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 151. ISBN 954430424X.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 83.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.