Севендекли (Кукушко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Севендекли
Επτάλοφος
Севендекли is located in Грција
Севендекли
Севендекли
Местоположба во областа
Севендекли is located in Кукуш (општина)
Севендекли
Местоположба на Севендекли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°0′N 23°1′E / 41.000° СГШ; 23.017° ИГД / 41.000; 23.017Координати: 41°0′N 23°1′E / 41.000° СГШ; 23.017° ИГД / 41.000; 23.017
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000518000000518 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно521
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Севендекли (грчки: Επτάλοφος, Епталофос, до 1926 Σεβεντεκλή, Севендекли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 518 метри.

Севендекли опфаќа површина од 35 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 464 жители, додека во 1920 година 445 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Епталофос.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 119 жители бегалци.[5], додека во 1940 година селото броело 201 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 175 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 601 жител, во 1971 година имало 585 жители, во 1981 година имало 505 жители, додека во 1991 година имало 719 жител[6]. Денеска, населението на селото е 521 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 201 175 601 585 505 719 521 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]