Нова Кавала

Координати: 40°59.17′N 22°37.2′E / 40.98617° СГШ; 22.6200° ИГД / 40.98617; 22.6200
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нова Кавала
Νέα Καβάλα
Нова Кавала is located in Грција
Нова Кавала
Нова Кавала
Местоположба во областа
Нова Кавала во рамките на Пајонија (општина)
Нова Кавала
Местоположба на Нова Кавала во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°59.17′N 22°37.2′E / 40.98617° СГШ; 22.6200° ИГД / 40.98617; 22.6200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно140
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Нова Кавала (грчки: Νέα Καβάλα, Неја Кавала) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 140 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Солунското Поле, околу 4 км источно од градот Ругуновец.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е основано во 1930-те години со пресушувањето на Арџанското Езеро,[3] на место кое дотогаш било под вода. Во новосоздаденото село се населиле луѓе од Кавала, кои биле Грци доселени од Мала Азија и времено сместени во тој град.[2] Во прво време државата им изградила седумдесет живеалишта, и ја нарекло населбата Евдоминада — име кое го означува овој број. Подоцна е преименувана по градот од којшто дошле.

Нова Кавала за првпат се спомнува во пописот од 1940 г. кога е заведена со 361 жител, но оттогаш населението е во опаѓање.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 361 303 288 281 207 191 137 140
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Земјиштето е мошне плодно. Се одгледуваат памук, пченица, пченка, бостан и други земјоделски производи. Развиено е и краварството.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 108–109.
  3. Από την Καβάλα στη Νέα Καβάλα, Πρωινή του Κιλκίς, 7 мај 2010