Купа (село)
Купа Κούπα | |
---|---|
Христос Пантократор во црква „Успение Богородично“ | |
Координати: 41°07′N 22°38′E / 41.117° СГШ; 22.633° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Бојмица |
Надм. вис. | 778 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 68 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Купа (грчки: Κούπα) — село во Грција, општина Пајонија, област Централна Македонија со 68 жители (2001).
Георгафија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа високо во североисточниот дел на планината Пајак, на околу 30 километри североисточно од Капињани. Оддалечено е 30 километри северозападно од градот Бојмица (Аксиуполи) и на 5 километри југозападно од соседното влашко село Љумница (Скра).
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век Купа е едно од влашките (мегленовлашките) села во областа Меглен во гевгелиската каза на Османлиското Царство. Црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Купа датира од првата половина на XIX век.[2]
Во селото во 1895-1896 е основан комитет на ВМОРО со шеф Димо Попов.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Купа живеат 600 Власи христијани.[4] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во Купа има 468 Власи и во селото има влашко училиште.[5]
Според податоци на Егзархијата во 1910 година Купа има 102 семејства, 600 жители Власи и една црква.[6]
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година двајцажители од Купа се доброволци во Македонско-одрински доброволни чети.[7]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на војната во селото влегуваат грчки војски и после Втората балканска војна Купа припаѓа на Грција.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ 14. Ιερός ναός Κοίμησης Θεοτόκου, Κούπας[мртва врска]
- ↑ „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52 ISBN 9549514560
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.152.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.194-195.
- ↑ Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 857.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Theodor Capidan, Meglenoromânii, istoria şi graiul lor, vol. I, Bucureşti, 1925, p.26. Архивирано на 3 март 2016 г.
|