Капињани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Капињани
Εξαπλάτανος
Капињани is located in Грција
Капињани
Капињани
Местоположба во областа
Капињани is located in Меглен
Капињани
Местоположба на Капињани во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 22°08′E / 40.967° СГШ; 22.133° ИГД / 40.967; 22.133Координати: 40°58′N 22°08′E / 40.967° СГШ; 22.133° ИГД / 40.967; 22.133
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000125000000125 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.292
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.580 04
Повик. бр.23840-4

Капињани (грчки: Εξαπλάτανος, Ексаплатанос; до 1925 година: Καπίνιανη, Капињани,[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу шест километри источно од градот С’ботско, на надморска височина од 125 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 16 квадратни километри.

Капињани се наоѓа во средиштето на котлината Меглен, на 25 километри северно од градот Воден.[4][5]

Историја[уреди | уреди извор]

Во средината на XVIII век, селото водело спор со жителите на соседното село Слатина, кои ги обвинувале за насилно одземање на пасиштата.[6]

Во 1909 година, во Капињани било отворено бугарско училиште.[7]

Селото претставувало чифлик, а последен сопственик на земјата бил Мустафа Семит-бег.[5]

До 1924 година селото било населено исклучително со македонско население, чиј поголем дел заради поголема безбедност во немирните години ја сменил својата вера и тие станале муслимани.[3]

Во 1924 година, македонските муслимани во согласност со Лозанскиот договор, биле принудени да се иселат во Турција, а на нивно место грчките власти населиле поголем број бегалски семејства од Источна Тракија и Мала Азија (вкупно 1.241 бегалец). Со тоа, селото станало најголемо во Меглен, зад С’ботско.[5] Според пребројувањето во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 412 бегалски семејства со вкупно 1.554 жители.[8]

Во 1925 година, името на селото било променето во Ексаплатанос (Εξαπλάτανος), во превод „шест платани“, како шесте огромни дрвја, кои се наоѓале на местото на денешниот стадион.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Капињани се наоѓа во поле, а добар дел од обработливите површини се наводнуваат од реката Мегленица. Главни производи на селото се тутун, жито, десертно грозје, индустриски пиперки, овошје и други земјоделски производи. Дел од населението се занимава и со краварство.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која се прикажани статистиките на машкото население од 1873 година, Капинени (Kapineni) било посочено како село во Воденската каза со 112 куќи и 105 жители Македонци и 310 Македонци-муслимани.[9] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век, Капињани (Капинени) било македонско-муслиманско село со машко население од 734 души и 220 домаќинства.[10]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Капињани живееле 175 Македонци и 1.400 Македонци-муслимани.[3][11] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Капинени (Kapineni) имало 200 Македонци.[12]

Во 1920 година, Капињани е посочено со 26 христијански и 260 муслимански куќи.[3][13]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 1.561 жител, а во 1920 година со 1.520 жители. Во 1924 година се извршила размена на населението, кога муслиманското население биле принудно преселено во Турција, а на негово место биле населени бегалски семејства, Грци од Источна Тракија и Мала Азија. Така, селото повторно станало мешана населба, која на пописот во 1928 година имала 1.569 жители, а во 1940 година 2.156 жители, од кои 300 Македонци, а останатите бегалци. Бидејќи се наоѓале далеку од воените настани, Капињани не настрадало во Граѓанската војна, иако дел од неговото население се иселило во поголемите градови. Во пописот од 1951 година, селото било попишано со 1.794 жители, во 1961 година со 2.028, во 1971 година со 2.049, во 1981 година со 2.109, а во 1991 година со 2.069 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.768 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.292 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 2.156 1.794 2.028 2.049 2.109 2.069 1.768 1.292
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 16 квадратни километри.[3] Општината Капињани била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Меглен.

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Капињани, во кој е единствено село.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Полициска станица

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καπίνιανη -- Εξαπλάτανος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 90. 
  4. „Διαδικτυακές Πύλες - Δήμος Αλμωπίας - Τοπική Κοινότητα Εξαπλατάνου“ (грчки јазик). Δήμος Αλμωπίας. конс. 19 март 2016. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Ο Εξαπλάτανος“ (грчки јазик). Δήμος Εξαπλατάνου. конс. 19 март 2016. 
  6. Грозданова, Елена и Стефан Андреев. Малките селски войни, в: Контрасти и конфликти „зад кадър“ в българското общество през XV-XVIII век, София 2003, стр. 441.
  7. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември, 1937, стр. 2.
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  9. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158-159.
  10. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ - Македония“ (на бугарски). Българите мохамедани (второ издание издание). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 114. ISBN 954-9308-51-0. 
  11. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 148.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102-103.
  13. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонја - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911)

Белешки[уреди | уреди извор]