Прејди на содржината

Страишта

Координати: 41°01′N 22°17′E / 41.017° СГШ; 22.283° ИГД / 41.017; 22.283
Од Википедија — слободната енциклопедија
Страишта
Ίδα
Поглед на селото
Поглед на селото
Страишта is located in Грција
Страишта
Страишта
Местоположба во областа
Страишта во рамките на Меглен
Страишта
Местоположба на Страишта во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 41°01′N 22°17′E / 41.017° СГШ; 22.283° ИГД / 41.017; 22.283
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&1000000000000009000000090 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно570
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Страишта или Витолишта (грчки: Ίδα, Ида; до 1925 година: Στράιστα, Страиста[2]) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на западното подножје на планината Пајак, на патот од градот С’ботско за селото Фуштани, меѓу селата Гостољуби и Новоселци, на надморска височина од 90 метри.[3]

Селото се наоѓа на 5 километри североисточно од селото Капињани, во котлината Меглен.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во текот на XV век, селото било познато и под името Витолишта, иако денес селаните од Страишта, ова име го имаат заборавено.[3]

Според предание, селото се наоѓало на еден километар северно од сегашното во месноста Грамада.[4]

До 1924 година селото било населено исклучително со македонско население, но дел од неговите жители во немирните години, заради поголема семејна и имотна сигурност, ја сменил својата вера и се исламизирал.[3]

Во 1924 година, македонските муслимани во согласност со Лозанскиот договор, биле принудени да се иселат во Турција, а на нивно место грчките власти населиле поголем број бегалски семејства од Понд (вкупно 112 бегалци). Според пописот во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 30 бегалски семејства со вкупно 112 жители.[5]

Во 1925 година, името на селото било променето во Ида (Ίδα). Името доаѓа од псевдонимот на Јон Драгумис, капитан Идас. Јон Драгумис бил организатор и раководител на андартското движење во Македонија.

Неколку македонски семејства поради нивната активност во антифашистичката борба побарале засолниште во Македонија. Селото многу настрадало за време на Граѓанската војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Главни производи во селото се грав, индустриски пиперки, тутун, жито, овошје, а делумно е развиено и сточарството.[3]

Селото е познато по својата ракија.

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Страишта живееле 150 Македонци христијани и 130 Македонци-муслимани.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Страишта (Straïchta) имало 320 Македонци.[7]

Во 1920 година, Страишта било посочено како македонско-муслиманско село со 64 христијански и 32 муслимански куќи.[3][8]

Селото во пописот од 1913 година било забележано со 506, а во 1920 година со 420 жители. Во 1924 година била извршена размената на население, односно муслиманите биле принудно иселени во Турција, а на нивно место биле доселени грчки бегалски семејства од Понд, вкупно 112 бегалци. Така селото станала мешана населба и како такво во 1928 година имало 503, а во 1940 година 738 жители (од кои 492 Македонци и 246 бегалци). Иако настрадало во Граѓанската војна, Страишта во 1951 година имало 640 жители, во 1961 година 723, во 1971 година 744, во 1981 година 690, а во 1991 година 671 жител.[3]

Денеска, разликата во соодносот на Македонците спрема бегалците е уште поголема затоа што дел од бегалците го напуштаат селото и се иселуваат во поголемите градски центри.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 735 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 639 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 738 640 723 744 690 671 735 639 570
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Црквите „Св. Никола“ во Страишта. Десно е старата.

Во 1929 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 7 квадратни километри.[3]

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Страишта, во кој е единственото село.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Основно училиште
  • Градинка

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Страишта
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Στράιστα -- Ίδα
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 101.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Γνωριμία με το Δήμο Εξαπλατάνου“ (грчки). Δήμος Εξαπλατάνου. Посетено на 21 март 2016.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 148.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  8. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911) Архивирано на 27 март 2013 г.