Преб’диште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Преб’диште
Σωσάνδρα
Стара куќа во Преб’диште
Стара куќа во Преб’диште
Преб’диште is located in Грција
Преб’диште
Преб’диште
Местоположба во областа
Преб’диште is located in Меглен
Преб’диште
Местоположба на Преб’диште во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°59.56′N 22°1.57′E / 40.99267° СГШ; 22.02617° ИГД / 40.99267; 22.02617Координати: 40°59.56′N 22°1.57′E / 40.99267° СГШ; 22.02617° ИГД / 40.99267; 22.02617
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000170000000170 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.078
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Пребдиште (грчки: Σωσάνδρα, Сосандра; до 1922 г. Πρεμπόδιστα, Пребодиста[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.078 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е местено во северниот дел на котлината Меглен, околу 4 км северозападно од С’ботско.[3]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Според едно предание, селото го носи ова име бидејќи често се преселувало, односно дека било преп’д’но што значи „гонето“ на месниот мегленски говор.[3] Според друга претпоставка, името доаѓа од првичното Прѣбѫдище (Пребондиште), наречено по Пребонд, кнезот на македонските Словени.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија[уреди | уреди извор]

В 2007 г. кај Преб’диште е откриена населба од неолитот, денес наречена Преб’дишка неолитна населба.[5]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во дадено време еден дел од жителите на Преб’диште го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Во XIX век е заведено како Воденската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Преб’диште (Прѣбѫдица или Прибѫдище) живееле 250 Македонци-христијани и 1.080 Македонци-муслимани.[6][7]

Во овој период во селото работела грчката пропаганда. Целото христијанско население било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пребудиште (Preboudichté) имало 448 Македонци под патријаршијата (грчката црква) и во селото работело грчко училиште.[6][8] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни ова македонско село имало 55 христијански и 200 муслимански куќи.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.435 жители, кои во 1920 г. спаднале на 1.176.[3] Во 1920-тите муслиманското македонско население на Преб’диште е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија. Така, селото станало етнички мешано, и во 1928 г. имало 908 жители, од кои 628 (148 семејства) биле грчки дојденци.[9]

Во 1940 г. Преб’диште пораснало на 1.178 жители, од кои 505 биле домородни Македонци, а 673 биле грчки дојденци.[3] Бидејќи било сместено вон воените дејства, селото не настрадало во Граѓанската војна, па во 1951 г. имало 1.131 жител. Исклучок од ова биле неколку македонски семејства кои пребегале во Р. Македонија поради нивното учество во НОФ.[3]

Според истражување од 1993 г. Преб’диште е мешано македонско-дојденско село во кое македонскиот јазик“ е зачуван на средно ниво.[10]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.178 1.131 1.250 1.345 1.241 1.174 1.206 1.078
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото се смета за доста богато бидејќи лежи во поле и земјата се наводнува од Голема Река (Пожарска Река). Главни производи се индустриските пиперки, овошјето, тутунот, десертното грозје и друго.[3]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πρεμπόδιστα -- Σωσάνδρα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 97. 
  4. Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. в: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 185.
  5. „Αρχαίος οικισμός Αψάλου“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας – Lhi-Lna. конс. 28 април 2018. 
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. Кънчов, Васил. „Воденска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 150. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_04.htm. 
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 190 – 191.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  10. Riki Van Boeschoten. „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)“
  11. „Παλαιός Μύλος Σωσάνδρα“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας – Lhi-Lna. конс. 2 мај 2018. 
  12. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΔΙΛΑΠ/Γ/293/29/22-1-1988 - ΦΕΚ 90/Β/19-2-1988“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. конс. 2 мај 2018. 

Наводи[уреди | уреди извор]