Прејди на содржината

Северјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Северјани
Βορεινό
Северјани is located in Грција
Северјани
Северјани
Местоположба во областа
Северјани во рамките на Меглен
Северјани
Местоположба на Северјани во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 41°1.44′N 22°4.45′E / 41.02400°N 22.07417°E / 41.02400; 22.07417
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000175000000175 м
Население (2021)[1]
  Вкупно673
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Северјани, Северни или Севрели (грчки: Βορεινό, Ворино; до 1926 г. Σέβρενη, Севрени[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со исклучиво со Македонци.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на котлината Меглен, под јужните падини на плаинната Кожуф. Лежи на 8 км северно од С’ботско.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Ова македонско село некогаш било христијанско, но во немирните години поголем дел од населението под принуда го прифатило исламот.[3]

Во XIX век Северјани било село во Ениџевардарската каза. Според Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Северјани (Севрени) било македонско муслиманско село со 586 машки жители и 150 домаќинства.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Севрели живееле 130 Македонци-христијани и 1200 Македонци муслимани.[6]

Целото христијанско население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Севрени (Sevreni) имало 160 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште.[4][7]

Егзархиската статистика за Воденската каза од 1912 г. го води Северјани со 1.330 македонски жители, од кои 130 христијани и 1.200 муслимани.[3] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Северени имало 218 куќи на Македонци муслимани.[8]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 1.466 жители, а во 1920 г. во Северјани се попишани 1.143 лица.[3]

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население на Северјани е иселено во Турција, а на негово место се доведени 682 Грци, претежно од Понт.[3] Во 1926 г. е преименувано во Ворино (со значење Северно, буквален превод на македонското име).[3] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 177 семејства сочинетии од 659 лица.[9] Според други податоци, во 1928 г. селото имало 693 жители, од кои 11 биле домородни, а останатите дојденци.[3]

Селото произведува жито, тутун, пиперки, десертно грозје, а развиено е и сточарството.[3]

Месности во Северјани преименувани со службен указ на 6 август 1969 г.
ИмеГрчкиНово имеГрчкиОпис
Диња[10]ΝτίνιαКонстантинаΚωνσταντινιά[11]блато на ЈИ од Северјани[10]
Поток[10]ΠοτόκПлимираΠλημμύρα[11]река на Ј од Северјани, десна притока на Баришта[10]
Курти[10]ΚουρτίРемаΡέμα[11]река на Ј од Северјани, десна притока на Баришта[10]
Дабот[10]ΝταμποτВеланидиесΒελανιδιές[11]месност на Ј од Северјани[10]
Карбури[10]ΚαρμπούριКамбураΚαμπούρα[11]месност на ЈИ од Северјани[10]
Чиковец[10]ΤσικοβιτςМикраΜικρά[11]месност на ЈИ од Северјани и на Ј од Невор[10]
Врбак[10]ΒάρμπαИтиесΊτιές[11]месност на ЈИ од Северјани[10]
Кајнарџа[10]ΚαινάρτζαТермоΘερμό[11]река на И од Северјани, десна притока на Баришта[10]
ПоројΠορόϊМелисотопосΜελισσότοπος[11]
КараџоваΚαρατζόβαМаврос КамбосΜαύρος Κάμπος[11]областа во која е сместено Северјани (Меглен)[12]
Бунив Камен[10]Μπούνιφ Κάμεν[11]КуфопетраΚουφόπετραмесност на Кожуф на С од Северјани[10]
БелицаΜπελίτσαАспроремаΆσπρόρεμα[11]
Исарот[10]ΊσροτХимадиоΧειμαδιό[11]месност на Кожуф на С од Северјани и на Ј од Зборско[10]
Ронго[10]ΡόγκοτВурлоΒούρλο[11]врв на Кожуф на СЗ од Северјани и на З од Зборско (1.169 м)[10]
Леска[10]ΛέσκαРемаΡέμα[11]река на Кожуф на С од Северјани[10]
Лескова Нива[10]Λίσκοβα Νίβα[11]ЛефтокаријаΛεφτοκαρυάмесност на Кожуф на С од Северјани[10]
Црвени Земји[10]Τσερβένι Ζέμνι[11]КокинохомаΚοκκινόχωμαврв на Кожуф на С од Северјани и на СИ од Зборско[10]
Катофилков Камен[10] или Катофилски камен[13]Κατοφίλκο Κάμεν[11]Петра ту ФилипуΠέτρα τοϋ Φιλίππουврв на Кожуф на С од Северјани и на С од Зборско[10]
Бела Вода[10]Βένα ΒόδαАспрокорфиΆσπροκορφή[11]врв на Кожуф на С од Северјани и на СЗ од Зборско[10]
Ќулто[10]ΚιοϋλτοКелариΚελάρι[11]врв на Кожуф на СЗ од Северјани[10]
Средоречка[10]ΣτρεντορίτσκαМесео ДромакиΜεσαίο Δρομάκι[11]река на Кожуф на С од Северјани, лева притока на Козјак[10] (Круша)[12]
Чаири[10]ΤσαΐριЛивадиΛειβάδι[11]шума на Кожуф на СЗ од Северјани на Средоречка Река[10]
Грото[10]ΓκρότοПлаяΠλαγιά[11]врв на Кожуф на СЗ од Северјани[10]
Витлогрико[10]ΒιτλόγρικοАгриоплајаΆγριοπλαγιά[11]врв на Кожуф на СЗ од Северјани (1.360 м)[10]
Динга[10]ΝτίγκαСикомаΣήκωμα[11]врв на Кожуф на С од Северјани (1.564,9 м)[10]
Куровица[10]ΚουροβίτσαКуфалаΚουφάλα[11]врв на Кожуф на С од Северјани и на С од Зборско (1.679,1 м)[10]
Бела Чука[10]ΜπαλατσούκαАспрокорфесΆσπροκορφές[11]врв на Кожуф на С од Северјани, гранична пирамида бр. 100[10]
Кинарјо[10]ΚυνάργοОргоменоΌργωμένο[11]месност на Кожуф на С од Северјани Ј под гранична пирамида бр. 102[10]
Порој[10]ΠορόϊХимаросΧείμαρρος[11]името на горното течение на Козјак, река на СЗ од Северјани која го двои Ниџе на И од Кожуф на З[10]
Хани[10]ΧάνιПандохиуΠανδοχείου[11]шума на Кожуф на С од Северјани, под Бела Чука[10]
Оровишта[10]ΌρόβιστοВрахакиΒραχάκι[11]врв на Кожуф на СЗ од Северјани[10]
Плаца[10]ΠλάτσαПлатомаΠλάτωμα[11]врв на Кожуф на С од Северјани[10]
Ликовина[10]ΛυκοβίναВотаноΒότανο[11]врв на Кожуф на С од Северјани и на ЈЗ од Зборско (1.024,7 м)[10][10]
Кутупи[10]ΚουτούπιКуцуроΚούτσουρο[11]месност на С од Северјани[10]
Горско[10]ΓκόρστκοДасикоΔασικό[11]месност на Кожуф на СЗ од Северјани[10]
Прашник[10]ΠράσνικПрасотопосΠρασσότοπος[11]месност на Кожуф на СЗ од Северјани, меѓу граничните пирамиди бр. 106 и 107[10]

Население

[уреди | уреди извор]

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 963 777 728 790 616 607 871 766 673
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 100. ISBN 9989-9819-5-7.
  4. 1 2 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 114. ISBN 954-9308-51-0.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 148. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 102–103.
  8. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 25.
  9. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  10. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  11. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1070. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  12. 1 2 Топографска карта ЈНА 1: 50.000.
  13. Kavadarci GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Архивирано од изворникот на 2023-03-15. Text " langx" ignored (help); Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University" ignored (help)