Раниславци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Раниславци
Αγάθη
Раниславци is located in Грција
Раниславци
Раниславци
Местоположба во областа
Раниславци is located in Меглен
Раниславци
Местоположба на Раниславци во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°59.21′N 21°59.3′E / 40.98683° СГШ; 21.9883° ИГД / 40.98683; 21.9883Координати: 40°59.21′N 21°59.3′E / 40.98683° СГШ; 21.9883° ИГД / 40.98683; 21.9883
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000155000000155 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно32
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Раниславци (грчки: Αγάθη, Агати; до 1922 г. Ρανισλάβ, Ранислав[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 32 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во северниот дел на колтината Меглен, на 4-6 км северно од С’ботско.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Раниславци било село в Ениџевардарската каза. Во дадено време еден дел од жителите на Струпино го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ, на крајот на XIX Раниславци е македонско-муслиманско село со машко население од 157 лица во 36 домаќинства.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Раниславци (Рониславци) било македонско муслиманско со 400 жители.[6][7] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 67 македонски муслимански куќи.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 426 жители, кои во спаднале на 352.[3] Во 1922 г. е преименувано во Агати. Во 1920-тите населението на Струпино е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија и Источна Тракија. Според пописот од 1928 г. селото било чисто дојденско со 192 жители од 49 семејства.[8]

Населението се намалило по Втората светска војна, а особено во 1960-тите години поради иселување во поголемите градови.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 244 174 153 87 56 63 58 32
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото се одгледува тутун, овошје, индустриски пиперки, десертно грозје и друго.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρανισλάβ -- Αγάθη
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 98. 
  4. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  5. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание издание). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 114. ISBN 954-9308-51-0. 
  6. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. Кънчов, Васил. „Енидже-Вардарска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 147. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_03.htm. 
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928