Меглен
Општина Меглен Δήμος Αλμωπίας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Постол |
Гео. област: | Меглен |
Население: | 29 354 (2001) |
Седиште: | С’ботско |
Нас. места: | 44 |
Пошт. бр.: | 584 00 |
Пов. бр.: | 23840-2 |
Портал: | dimosalmopias.gov.gr/ |
Меглен (Мегленско, Мегленија; грчки: Αλμωπία, поточно: Δήμος Αλμωπίας) — етно-географска област, општина и котлина во северниот дел на Егејска Македонија, денес во составот на Грција, која на север се граничи со Република Македонија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Котлината и областа Меглен се наоѓаат во северниот дел на Егејска Македонија, односно во среднишниот дел на етничка Македонија. На север се граничи со Република Македонија, односно со областите Тиквешија на север и Мариово на северозапад. Кон запад, југ и исток е отворена кон поширокот регион на Егејска Македонија (денес Грција), односно на југ и југоисток се граничи со пространото Солунско Поле, на запад со Воденско, а на исток со дел од областа Бојмија.
Мегленската котлина е интересен тип на котлина со ниска надморска височина, оградена со високи планини од сите страни. Од север е оградена со планините Кожуф и Козјак, од запад со планината Ниџе, на југозапад ја оградуваат огранките на Негушка Планина, а на исток е оградена со планината Пајак.
Низ плодното рамно Мегленско Поле, протекува реката Мегленица, која протекува и низ Солунското Поле, каде што преку канали дава вода за наводнување на обработливото земјиште, а таму се влева и во реката Бистрица, која пак се влева во Егејското Море. Во Мегленската Kотлина преовладува средоземната клима, додека пак на планините континетална и планинска.
Општина Меглен и населени места[уреди | уреди извор]
Во административна смисла, до 1997 г. Меглен бил епархија во округот Постол. Од 1997 г. со законот „Каподистријас“, Меглен е поделен на општините С’ботско (Аридеја) во западниот дел и Капињани (Ексаплатанос) во источната. Од 1 јануари 2011 г., со законот „Каликратис“ станува една општина.[1] Главен град на областа и општината е С’ботско.
Општинска единица С’ботско[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината С’ботско (Δήμος Αριδαίας) имала 20.213 жители и ги опфаќала следиве општински оддели и населени места:


- Општински оддел С’ботско (6 062 жители)
- Општински оддел Баово
- село Баово (Πρόμαχοι, Промахи) (1 825 жители)
- Општински оддел Биџова Маала
- село Биџова Маала (Πιπεριά, Пиперија или Πιπεριές, Пипериес) (589 жители)
- село Горно Турманли (Ανω Ροδωνιά, Ано Родонија)
- Општински оддел Бизово (479 жители)
- Општински оддел Габровци (691 жител)
- село Габровци (Δωροθέα, Доротеја) (633 жители)
- село Раниславци (Αγάθη, Агати) (58 жители)
- Општински оддел Драгоманци
- село Драгоманци (Άψαλος, Апсалос) (1 178 жители)
- Општински оддел Костурени
- село Костурени (Ξιφιανή, Ксифјани) (850 жители)
- Општински оддел Пожарско (1 187 жители)
- село Пожарско (Λουτράκι, Лутраки) (1 163 жители)
- село Пожарски Бањи (Λουτρά Λουτρακίου, Лутра Лутракиу) (24 жители)
- Општински оддел Полјани
- село Полјани (Πολυκάρπη, Поликарпи) (1 071 жител)
- Општински оддел Преб’диште
- село Преб’диште (Σωσάνδρα, Сосандра) (1 206 жители)
- Општински оддел Рудино
- село Рудино (Άλωρος, Алорос) (464 жители)
- Општински оддел Саракиниово (471 жител)
- село Саракиново (Σαρακηνοί, Саракини) (375 жители)
- село Долно Родиво (Κάτω Κορυφή, Като Корифи) (96 жители)
- Општински оддел Северјани (1 340 жители)
- Општински оддел Струпино
- село Струпино (Λυκόστομο, Ликостомо) (395 жители)
- Општински оддел Тресино
- село Тресино (Όρμα, Орма) (649 жители)
- Општински оддел Цакон Маала
- село Цакон Маала (Τσάκοι, Цаки) (1 020 жители)
- село Долно Турманли (Κάτω Ροδωνιά, Като Родонија)
- село Цакони (Χρύσα, Хриса)
- Општински оддел Црнешево
- село Црнешево (Γαρέφι, Гарефи) (736 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓале и денес запустените села Горно Родиво (Άνω Κορυφή, Ано Корифи), Зборско (Πευκωτό, Певкото) и Кара Дере (Μαυρόλακκος, Мавролакос).
Општинска единица Капињани[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Капињани имала 9.141 жител и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

- Општински оддел Капињани
- село Капињани (Εξαπλάτανος, Ексаплатанос) (1.768 жители)
- Општински оддел Бериславци (471 жител)
- село Бериславци (Περίκλεια, Периклија) (382 жители)
- село Лугунци (Λαγκαδιά, Лангадија) (89 жители)
- Општински оддел Гостољуби
- село Гостољуби (Κωνσταντία, Констандија) (759 жители)
- Општински оддел Карладово (893 жители)
- Општински оддел Кожушани
- село Кожушани (Φιλώτεια, Филотија) (639 жители)
- Општински оддел Новоселци (30 жители)
- Општински оддел Ноти (450 жители)
- Општински оддел Ошин
- село Ошин (Αρχάγγελος, Архангелос) (686 жители)
- Општински оддел Слатина
- село Слатина (Χρυσή, Хриси) (395 жители)
- Општински оддел Страишта
- село Страишта (или Витолишта; Ίδα, Ида) (735 жители)
- Општински оддел Тодорци
- село Тодорци (Θεοδωράκι, Теодораки) (772 жители)
- Општински оддел Трстеник
- село Трстеник (Θηριόπετρα, Тириопетра) (401 жител)
- Општински оддел Фуштани
- село Фуштани (Φούστανη, Фустани) (542 жители)
На територијата на општинската единица се ноаѓаат и денес запустените села Лесково и Извор.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Меглен“ на Ризницата ? |
|
|