Визалтија (општина)
Општина Визалтија Δήμος Βισαλτίας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Сер |
Гео. област: | Серско Поле |
Население: | 26 127 (2001) |
Седиште: | Нигрита |
Нас. места: | 29 |
Пошт. бр.: | 622 00 |
Пов. бр.: | 23220-2 |
Портал: | dimosvisaltias.gr/ |
Визалтија (грчки: Δήμος Βισαλτίας, Димос Визалтијас) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Нигрита. Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за Нигритско (Нигридско).
Општината е наречена по некогашната долномакедонска област Визалтија (Бисалтија), согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Оваа област ја опфаќала територијата помеѓу реката Струма и Тахинското Езеро на исток и Крестонија на запад.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Визалтија е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари општини: Визалтија, Нигрита, Тахино (Ахинос) и Черкезќој (Трагилос).
Општинска единица Визалтија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Визалтија со седиште во Димитрич има население од 8 563 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Димитрич
- село Димитрич (Δημητρίτσι, Димитрици) (1 461 жител)
- Општински оддел Авдамал
- село Авдамал (или Авдаман; Σησαμία, Сисамија) (996 жители)
- Општински оддел Копач
- село Копач (или Копачи, Копач Маала; Βέργη, Верги) (1 279 жители)
- Општински оддел Макеш
- село Макеш (Άμπελοι, Амбели) (945 жители)
- Општински оддел Махмутли
- село Махмутли (или Махмуџи, Τριανταφυλλιά, Триандафилија) (963 жители)
- Општински оддел Мерјан
- село Мерјан (Λυγαριά, Лигарија) (617 жители)
- Општински оддел Нигослав
- село Нигослав (Νικόκλεια, Никоклија) (1 316 жители)
- Општински оддел Суха Бања
- село Суха Бања (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви; претходно Ξυλότρος, Ксилотрос) (986 жители)
Општинска единица Нигрита[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Нигрита (Δήμος Νιγρίτας) има население од 9783 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Нигрита
- град Нигрита (Νιγρίτα) (5 566 жители)
- Општински оддел Бајрактар
- село Бајрактар (или Бајрактар Маала; Φλάμπουρο, Фламбуро) (829 жители)
- Општински оддел Лаџа
- село Лаџа (Θερμά, Терма) (574 жители)
- Општински оддел Фиток
- село Фиток (Ανθή, Анти) (625 жители)
- Општински оддел Черпишта
- село Черпишта (Τερπνή, Терпни) (2 189 жители)
Општинска единица Тахино[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Тахино (Δήμος Αχινού) со седиште во Џинџос (Ситохори) има население од 3008 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Џинџос
- село Џинџос (Σιτοχώρι, Ситохори) (663 жители)
- Општински оддел Ежово (466 жители)
- Општински оддел Жервохор
- село Жервохор (Ζερβοχώρι, Зервохори) (117 жители)
- Општински оддел Кавак
- село Кавак (Λευκότοπος, Левкотопос) (273 жители)
- Општински оддел Патрик
- село Патрик (Πατρίκι, Патрики) (367 жители)
- Општински оддел Тахино
- село Тахино (Αχινός, Ахинос) (731 жител)
- Општински оддел Хункос (391 жител)
Општинска единица Черкезќој[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Черкезќој (Δήμος Τραγίλου) со седиште во Мунух (Мавроталаса) има население од 4 773 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Мунух
- село Мунух (Μαυροθάλασσα, Мавроталаса) (1 703 жители)
- Општински оддел Гајдарохор
- село Гајдарохор (Αηδονοχώρι, Ајдонохори) (408 жители)
- Општински оддел Ниверо
- село Ниверо (Ίβηρα, Ивира) (813 жители)
- Општински оддел Кучос
- село Кучос (Ευκαρπία, Евкарпија) (727 жители)
- Општински оддел Омур Беј
- село Омур Беј (или Умур Беј; Καστανοχώρι, Кастанохори) (153 жители)
- Општински оддел Стара Бања
- село Стара Бања (или Палиотрос; Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос) (394 жители)
- Општински оддел Черкезќој
- село Черкезќој (или Черкез Маала; Τράγιλος, Трагилос) (575 жители)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|