Бајрактар (село)
Бајрактар Φλάμπουρο | |
---|---|
Координати: 40°55.53′N 23°34.0′E / 40.92550° СГШ; 23.5667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Нигрита |
Надм. вис. | 15 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 668 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Бајрактар или Бајрактар Маала (грчки: Φλάμπουρο, Фламбуро, до 1923 г. Μπαϊρακτάρ, Бајрактар[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Серското Поле, јужно од Сер. Лежи во источното подножје Богданска Планина, на околу 7 км источно од Нигрита.
Историја
[уреди | уреди извор]Во минатото селото било чифлик со колиби каде работеле претежно ромски семејства.[3]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бајрактар Маала (Bairaktar mahla) имала 42 домаќинства на 130 жители Роми и Черкези.[4]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Бајрактар Маала, чифлик на Измаил-бег; исто така крај десниот брег на Струма. Од Абдула Маала се наоѓа на И на 1 час растојание. Патот е истиот. 70 куќи ромски и 20 македонски.[5][6] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Бајрактар имал 70 жители, сите Роми.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Baïraktar-Mahala) живееле 300 Роми.[8]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 151 жител.[3] Непосредно пред Првата светска војна во Бајрактар биле доведени поголем број грчки колонисти од Тракија, поради што во 1920 г. селото веќе имало 615 жители. Во понатамошниот период Бајрактар доживеал подем, па во 1928 г. во него се попишани 745 лица.[3]
Во 1951 г. е изградена црквата „Св. Јован Претеча“.[9]
Населението продолжило да расте сè до 1970-тите, кога почнало тренд на намалување кој трае до денес.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.297 | 1.363 | 1.734 | 1.550 | 1.382 | 1.024 | 829 | 837 | 668 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Јован Претеча“ од 1951 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 231–232. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 845.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ „Ιερός Ναός Τιμίου Προδρόμου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 26 октомври 2019.
|