Сер (округ)
Сер Περιφερειακή ενότητα Σερρών | |
---|---|
Округ | |
![]() Општини во Сер | |
![]() Округот Сер во Грција | |
Координати: 41°05′N 23°35′E / 41.083°СГШ 23.583°ИГДКоординати: 41°05′N 23°35′E / 41.083°СГШ 23.583°ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Админ. центар | Сер |
Управа | |
• Управник | Јоанис Мојсијадис |
Површина | |
• Вкупна | 3968 км2 |
Население (2011) | |
• Вкупно | 176.430 |
• Густина | 44/км2 (120/ми2) |
Пошт. број | 62x xx |
Повик. број | 232x0 |
ISO 3166 | GR-62 |
Рег. таб. | EP |
Мреж. место | naserron.gr |
Сер (грчки: Περιφερειακή ενότητα Σερρών) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Сер. Округот има вкупно население од околу 175.000 жители.
Географија[уреди | уреди извор]
Во округот Сер се наоѓаат планините Словенка (Орвилос) на север, Змијница (Меникио) на исток, Кушница (Пангео) на југ, Богданска Планина (Ори Вронду) на југозапад и запад, делови од Круша (Крусија ори) на запад и делови од Беласица (Белес) на северозапад.
Административно се граничи со округот Солун на југозапад, Кукуш на запад, со Општина Ново Село во Република Македонија на северозапад, со Пиринска Македонија на север, со округот Драма на североисток и со округот Кавала на исток. Во јужниот дел на округот се наоѓа Струмскиот Залив со делтата на реката Струма.
Округот зазема 3% од вкупната површина на Грција. Обработливото земјиште зафаќа 41% од територијата. Најзначајна река е Струма, која тече низ целиот округ и се влева во Егејското Море. Друга поважна река е Драматица (Ангитис), во источниот дел на округот.
Административна поделба[уреди | уреди извор]
Округот е поделен на 7 општини. Тие се следниве (со нивните броеви во инфокутијата):[1]
- Визалтија (3)
- Довишта (Емануил Папас) (4)
- Долна Џумаја (Ираклија) (5)
- Ениќој (Амфиполис) (2)
- Зелјахово (Неја Зихни) (6)
- Сер (Серес) (1)
- Синтика (7)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|