Делта (општина)
Општина Делта Δήμος Δέλτα | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | Вардарија |
Население: | 40 541 (2001) |
Седиште: | Текелиево |
Нас. места: | 9 |
Пошт. бр.: | 570 08 |
Пов. бр.: | 2310-78 |
Портал: | dimosdelta.gr/ |
Делта (грчки: Δήμος Δέλτα, Димос Делта) — општина во рамките на Солунскиот округ во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е гратчето Текелиево (Синдос). Општината опфаќа 9 населени места во областа Вардарија, а наречена е по делтата на Вардар, каде реката се влева во Солунскиот Залив.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Делта е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Ехедор (Ехедорос), Вардар (Аксиос) и Кулакија (Халастра). „Ехедор“ е древно име на реката Галик, која ја дели истата делта.
Општинска единица Вардар[уреди | уреди извор]
Општинската единица Според пописот од 2001 г., општинската единица Вардар (Δήμος Αξιού) со седиште во Јунчии (Кимина) има 6 780 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Јунчии
- село Јунчии (или Јунџулар; Κύμινα, Кимина) (3 682 жители)
- Општински оддел Кангалич
- село Кангалич (или К’нглич, Кајали; Βραχιά, Врахија) (645 жители)
- Општински оддел Нов Малгад
- село Нов Малград (Νέα Μάλγαρα, Неја Малгара) (2 443 жители) новосоздадено
Општинска единица Ехедор[уреди | уреди извор]
Општинската единица Ехедор (Δήμος Εχεδώρου) опфаќа четири населени места во областа Вардарија по долното течение на реката Галик, и го носи нејзиното древно име „Ехедор“. Административен центар е градот Текелиево (Синдос). Според пописот од 2001 г., општината Ехедор има 23 924 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Текелиево
- град Текелиево (Σίνδος, Синдос) (7 540 жители)
- Општински оддел Арапли
- село Арапли (Νέα Μαγνησία, Неја Магнизија) (4 011 жители)
- Општински оддел Гаскарка
- село Гаскарка (Καλοχώρι, Калохори) (3 950 жители)
- Општински оддел Дудулари
- село Додулари (Додулар, Дудулари; Διαβατά, Дијавата) (8 423 жители)
Општинска единица Кулакија[уреди | уреди извор]
Општинската единица Кулакија (Δήμος Χαλάστρας) е со седиште во истоименото гратче Кулакија (Халастра). Има 9 837 жители (2001) и, освен Кулакија, го опфаќа и селото Коњари (Анатолико или Валмада).
- Општински оддел Кулакија
- град Кулакија (или Кулаќа; Χαλάστρα, Халастра) (7 298 жители)
- Општински оддел Коњари
- село Коњари (или Коњаре; Ανατολικό, Анатолико, порано и Валмада) (2 539 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓале и некогашните села Долно Каваклиево и Чаликово.
Поранешни села[уреди | уреди извор]
Покрај поранешното село Чаликово, на територијата на општината се наоѓале и некогашните села Колопанци, Лапра и Махмудово.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|