Прејди на содржината

Вардарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на областа Вардарија

Вардаријаисториско-географска област во Егејска Македонија, сместена по долното течение и делтата на реката Вардар, чие име го носи.

Областа се граничи на север со областа Бојмија, а на запад преку реката Колудеј (Лудијас) со областа Урумлак. Опфаќа 33 населени места на територијата на општините Делта, Илиџиево (Халкидона) и Даутбал (Ореокастро). Сè до 1912 г. Вардаријата имала претежно македонско население.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Византиски период

[уреди | уреди извор]

Во византискиот период, Вардарија била тема во XI, XII и XIII век. Ги зафаќала териториите во долниот тек на реката Вардар. Се споменува како посебна воено-административна единица на чело со управник. Со Договорот склучен меѓу крстоносците и Венецијанците за поделба на Византија (март 1204 г.) било предвидено темата помеѓу себе да ја поделат крстоносците.[2][3]

  1. Канчов, Васил, „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 140-141.
  2. Панов, Б. Теофилакт Охридски како извор за средновековната историја на македонскиот народ, Скопје 1971; K.
  3. Аџиевски, Поделбата на Македонија според Партитио Романиае, „Гласник на ИНИ“, XXVI, 2–3, Скопје, 1982.