Колопанци
Колопанци Κουλουπάντσα | |
---|---|
Координати: 40°39.25′N 22°44.15′E / 40.65417° СГШ; 22.73583° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Делта |
Општ. единица | Кулакија |
Надм. вис. | 2 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Колопанци (грчки: Κουλουπάντσα, Кулупанца) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Било населено исклучиво со Македонци.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Колопанци се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија. Било североисточно од Кулакија, југозападно од Текелиево и на еден километар југоисточно од Коњари, меѓу двата стари ракава на Вардар, наречени Мал и Голем Вардар.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век Колопанци е чифлик со македонско население во Солунската каза.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Колонпенци (Colonpentzi) било село со 40 домаќинства сочинети од 193 жители Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Колопанци имало 175 жители Македонци.[3][5]
Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Колопанци (Kolopantzi) имало 160 Македонци, сите под патријаршијата.[3][6]
Во 1905 г. според грчки податоци селото имало 138 жители, претежно во грчката црква. Жителите биле потесно сврзани со селата Кулакија, Теклиево, Лапра, Махмудово и Долно Каваклиево.[2]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Колопанѕи (Κωλοπάντζι) е словенојазично село во Кулакиската епископија со 40 жители со наводно „грчка свест“ (што во реалност значи дека не можеле да ѝ се спротивстават на грчката пропаганда).[7]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека чифликот Колопанци е растурен во 1909 г. поради беговски зулум. Поголемиот дел од населението се преселило во Коњари, а некои во Текелиево.[8] Меѓу нив се спомнува селанецот Ѓорѓи Делиџак[9] и неговиот род.[10]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Во 1913 г. по Втората балканска војна Колопанци било припоено кон Грција. Таа година се спомнува како напуштено.[1] Селото повторно е населено, што се гледа од пописот од 1920 г. каде Колопанци се води со 26 жители.[11] Според Тодор Симовски селото конечно се распаднало во 1927 г. поради мелиоративните работи при регулацијата на Вардар и истото е отпишано од евиденција во 1928 г.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 327. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 2,0 2,1 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 41. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 154–155. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
- ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 102.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 66.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 53.
- ↑ Δήμος Εχεδώρου. Η Σίνδος (Νεότερη περίοδος) Архивирано на 11 јануари 2012 г..
|