Прејди на содржината

Шамли

Координати: 40°43.10′N 22°49.17′E / 40.71833° СГШ; 22.81950° ИГД / 40.71833; 22.81950
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шамли
Σαµλί
Шамли is located in Грција
Шамли
Шамли
Местоположба во областа
Шамли во рамките на Делта (општина)
Шамли
Местоположба на Шамли во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°43.10′N 22°49.17′E / 40.71833° СГШ; 22.81950° ИГД / 40.71833; 22.81950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаДелта
Надм. вис.&100000000000000020000002 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)


Шамли (грчки: Σαµλί, Самли) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Било населено исклучиво со Македонци.[1]

Географија

[уреди | уреди извор]

Шамли се наоѓало во Солунското Поле во областа Вардарија, северно од Текелиево, источно од Ингилизово и северозападно од Трите Ана.

Историја

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Шамли било мало македонско село во Солунската каза, едно од 47-те во состав на Камбаниската епископија.[2]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шамли (Chamlié) имало 10 домаќинства сочинети од 48 Македонци.[3][4] Името веројатно му е поврзано со солунския субаша Шамли Али-бег. Истиот податок за бројот на куќите го дава и Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“). Според него, куќите биле растурени во 1888 г. поради поплавувањето на реката Галик.[5] Во 1905 г. е забележано дека Шамли има 4 куќи, но дека е речиси сосем напуштено.

Топонимот останува до денес бидејќи се наоѓа на раскрсницата на патиштата Трите Ана - Ингилизово и Бугариево - Текелиево.[6]

  1. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 349. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. „Λίγα λόγια για την Ιστορία των Κύμινων - Μαλγάρων“. Γυμνάσιο Αξιού. Посетено на 20 октомври 2022.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 150–151. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 102.
  6. Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης. Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 41. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)