Арапово
Арапово Νέα Μαγνησία | |
---|---|
Координати: 40°41.16′N 22°50.45′E / 40.68600° СГШ; 22.84083° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Делта |
Општ. единица | Ехедор |
Надм. вис. | 3 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 4.088 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Арапово или Арапли (грчки: Νέα Μαγνησία, Неја Магнисија, до 1927 г. Αραπλή, Арапли,[2] до 1952 г. Λαχανόκηπος/Λαχανόκηποι, Лаханокипос/Лаханокипи[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци кои денес во него се малцинство.[4]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Солунското Поле во областа Вардарија, на левиот брег на реката Галик. Практично претставува предградие на Солун. Во него е сместен Араповскиот манастир „Пресв. Богородица Скоропослушница“.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Арапово првично било независно село, но потоа било претворено во чифлик во даночниот округ на ливадските пазачи.[5] Жителите одгледувале животни за потребите на османлиската војска. Во XVII век селото имало 8 куќи, а во 1771 г. христијанските жители плаќале 540 аспри данок.[6] Во 1860 г. е изградена црквата „Св. Атанасиј“. На крајот од XIX век Арапово било македонско село во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Арапли (Araplie) е село со 15 домаќинства сочинети од 58 жители Македонци, а соседното маало Шамли (Chamlié) има 10 жители, исто така Македонци.[7][8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Арапово имало 155 жители Македонци.[7][9] Околу 1900 г. во Арапово се доселиле жители на Балџа и Додулари.[5]
Според Христо Силјанов след Илинденското востание во 1904 г. целото село (Араплија) преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Араплија (Araplia) имало 200 Македонци, сите под егзархијата.[7][11]
Во 1905 г. во селото имало 78 Македонци, сите под егзархијата.[5]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Арапли (Ἀραπλί) е „словенојазично“ село во Солунската митрополија со 75 жители со сопствена национална свест. Меѓутоа, во овој период веќе работела бугарската пропаганда — селото имало едно бугарско училиште со 6 ученици и 1 учител.[12]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Во 1913 г. по Втората балканска војна Арапово влегло во составот на Грција, кога имало 240 жители.[4] Во 1926 г. селото е преименувано во Лаханокипос. Во 1920 г. населението се накачило на 413 жители, од кои некои веќе биле дојденци Во овој период се доведени туркојазични Грци од Мала Азија.[4] Во 1928 г. е заведено како мешано староседелско-дојденско со 329 дојденски семејства сочинети од 1.209 жители.[13] Дел од Македонците (официјално 15 лица) се преселиеле во Бугарија поради теророт врз староседелското население.[4] Во 1952 г. селото е одново преименувано, овојпат во Неја Магнисија, во превод Нова Магнезија.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2.070 | 3.451 | 3.026 | 3.170 | 3.770 | 3.664 | 4.011 | 4.266 | 4.088 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Верски објекти
- „Св. Атанасиј“ од 1860/1977 г.
- „Св. Пантелејмон“ од 1953 г.
- Араповски манастир („Пресв. Богородица Скоропослушница“) од 1983 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 310. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 40. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ „Портал на поранешната општина Ехедор“. Архивирано од изворникот на 2024-01-29. Посетено на 2024-01-29.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 150–151. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
- ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
|