Кангалич
Кангалич Βραχιά | |
---|---|
Координати: 40°39.39′N 22°38.23′E / 40.65650° СГШ; 22.63717° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Делта |
Општ. единица | Вардар |
Надм. вис. | 9 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 445 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Кангалич или Кајали (грчки: Βραχιά, Врахиja; до 1928 г. Καγιαλή, Кајали[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и нешто Роми.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле, североисточно од градот Солун.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Селото датира од XV век. Во XVII–XVIII век имало околу 80 куќи.[4] Името Кајали на турски значи карпесто. Околу Кангалич имало многу блата бидејќи селото се наоѓа меѓу два мали ракава на Вардар, а трет минува низ самото село. Жителите страдале од недостаток на здрава вода за пиење и користеле речна вода која ја филтрирале.[5]
Во 1878 г. Кајли (Kaïli) е заведено со 420 жители. На крајот од XIX век селото било чифлик на Талат-бег. Селаните одгледувале овес, јачмен, ’рж, пченка, сусам, зеленчук, како и биволи, коњи, крави и овци. Тие се занимавале и со риболов во водите на Вардар и Долното Езеро.[5]
Васил К’нчов во „Македонија. Етнографија и статистика“ во 1900 г. го спомнува селото двапати — еднаш како Кајали (Къяли) со 348 жители Турци и вторпат како Кангалич (Кънглич) со 240 Македонци и 60 Роми.[6][7] Според тенденциозниот асимилаторски попис од 1905 г. во селото имало 222 „Грци“.[4] Според Христо Силјанов по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Канголич) преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кангалич (Kangalitch) живееле 480 Македонци, сите под егзархијата.[6][9]
Според грчки извори селото е (присилно) вратено под врховенството на Цариградската патријаршија од грчките чети на капетаните Гоно Јотов и Константинос Буковалас.[10]
Според грчки податоци од 1905 г. селото имало 222 жители кои биле „гркојазични и словенојазични“, како и Роми муслимани.[11]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Кајали (Καγιαλί) е „словенојазично“ село во Кулакиската епископија со 245 жители (145 мажи и 100 жени) со наводна грчка свест. Во селото работело грчко основно училиште со 28 ученици (26 машки и 2 женски) и 1 учител.[12]
Во 1910 г. во селото имало 220 православни жители и 20 муслимански жени.[13]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. е припоено кон Грција. Во пописот од 1913 г. Кангалич се води како село со 217 жители (151 мажи и 120 жени).[14] Боривое Милоевиќ напишал во 1921 г. („Јужна Македонија“) дека Кангалиќ (Кангалић) има 25 македонски и турски 10 куќи.[15] Во 1920-тите години во селото се доведени туркојазични Грци од Мала Азија.[3] Според пописот од 1928 г. Кангалич е мешано село од староседелци и 11 дојденски демејства сочинети од 32 лица.[16] Извесен број Македонци се преселиле во Бугарија. По исцедувањето на Ениџевардарското Езеро и околните блата се добило мошне плодно земјиште, и тука биле доведени уште грчки колонисти.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 469 | 633 | 638 | 598 | 625 | 638 | 645 | 557 | 445 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 324. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 Официален сайт на бившия дем Вардар, Архивирано од изворникот на 2009-04-29, Посетено на 2009-06-02
- ↑ 5,0 5,1 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 49. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140–141. ISBN 954430424X.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
- ↑ Ο Μακεδονικός Αγώνας και η λίμνη των Γιαννιτσών
- ↑ Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 50. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Наведено од: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|