Нов Малград

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нов Малград
Нов Малград is located in Грција
Нов Малград
Нов Малград
Местоположба во областа
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Егејска Македонија Делта" does not exist|240px|Нов Малград is located in Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Егејска Македонија Делта" does not exist]]
Нов Малград
Местоположба на Нов Малград во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°36.35′N 22°40.55′E / 40.60583° СГШ; 22.67583° ИГД / 40.60583; 22.67583Координати: 40°36.35′N 22°40.55′E / 40.60583° СГШ; 22.67583° ИГД / 40.60583; 22.67583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаДелта
Општ. единицаВардар
Надм. вис.&100000000000000090000009 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.404
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.57300
Повик. бр.2391

Нов Малград (грчки: Νέα Μάλγαρα, Неја Малгара) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.404 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Вардарија на Солунското Поле, 17 км западно од Солун и веднаш западно од македонското село Јунчии со кое денес е споено.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата е основана во 1909 г. под името Кокмус за муслимани-бегалци од Босна која била неодамна пропоена кон Австроунгарија. Во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор и во него се доселиле две грчки семејства од источнотракиското гратче Малград (грч. Малгара, тур. Малкара) кое останало во Турција, а властите го нарекле местото Нов Малград (Неја Малгара) во чест на нивното родно место. Во 1913 г. во селото имало 501 жител, а во 1920 г. населението броело 484 жители.[2] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор бошњачкото население е иселено во Турција како муслиманско, а на негово место властите доселиле 249 семејства грчки колонисти, од кои 239 од Источна Тракија, 4 од Мала Азија и 6 од Бугарија.[2] Во 1928 г. Нова Малгара станала наполно дојденско село со 283 семејства од вкупно 1.214 жители.[3]

Благодарение на исклучително плодното земјиште потпомогнато од зафатите за мелиорација и наводнување, како и близината до Солун, селото почнало доживеало голем растеж. Во 1940 г. населението достигнало 1.912 жители, кои во 1951 г. се зголемиле на 1.981, а во 1961 г. на 2.061. На пописот во 1971 г. е забележан мал пад на 1.986 жители, но во 1981 г. населението се накачило на 2.248, а во 1991 г. — на 2.349 лица.[2] Во 2001 г. во Нов Малград се попишани 2.443 лица, а во 2011 населението достигнало 2.404 жители.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.912 1.981 2.061 1.986 2.248 2.349 2.443 2.404
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото се произведуваат големи количества памук, овошје, жито и разни други земјоделски производи.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 333–334.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.