Бивол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бивол
Water buffaloes in Wuyishan Wufu 2012.08.24 15-46-30.jpg
Женка и теле
припитомен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Говеда
Род: Бивол
Вид: Бивол
Биномен назив
Bubalus bubalis
(Linnaeus, 1758)
  • речен бивол
  • блатен бивол
Распространетост на биволот (2004)

Бивол или домашен азиски бивол (науч. Bubalus bubalis) — големо говедо со потекло од јужна Азија, југоисточна Азија и Кина. Денес се среќава во Европа, Австралија и некои земји во Америка.[1] Дивиот бивол (Bubalus arnee) од југоисточна Азија се смета за различен вид, но најверојатно е предокот на домашниот бивол.[2]

Според морфолошките и етолошките критериуми, разликуваме два типа на биволи — речен (од јужна Азија, па на запад до Балканот, во Египет и Италија) и блатен (од Асам на запад, преку југоисточна Азија до долината Јангцекјанг во Кина на исток).[1][3] Потеклото на овие два типа е спорно, но филогенетските истражувања укажуваат дека блатниот тип е со потекло до Кина, припитомен пред 4.000 години, додека пак речниот тип е од Индија, припитомен пред околу 5.000 години.[4] Со биволи се тргувало во Индската цивилизација (во денешен Пакистан) до Месопотамија (во денешен Ирак), околу 2500 г. п. н.е.[5] Печатот на писарот на акадскиот крал има претстава на жртвување на биволи.[6]

Биволите се особено погодни за орање на оризарниците, а нивното млеко е побогато со масти и белковини од она на другите млекодајни говеда. Големите подивени населенија во северна Австралија се установиле кон крајот на XIX век, а мали подивени стада има и во Нова Гвинеја, Тунис и североисточна Аргентина.[1] Денес има барем 130 милиони домашни биволи, и од нив за издршка зависат повеќе луѓе отколку од били кое друго домашно животно.[7]

Биволот во Македонија[уреди | уреди извор]

Ова животно одамна се одгледува во Македонија. Според едни, биволот е доведен од Александар Македонски по неговите освојувања во денешна Индија и Пакистан[8], додека според други, животното е донесено од османлиите. За разлика од поранешната бројност, во последните 60 години биволот бележи голем пад поради помасовната индустријализација. Така, во 40-тите и 50-тите години на XX век имало оиколу 5000 грла биволи во разни делови од земјата, додека пак денес нивниот број и географска распределеност се е многу ограничени. Во 2007 г. е направен посебен конзерваторски напор, со кој е обновен бројот на биволи во с. Дебреште, Прилепско, со оплодување на биволиците со мажјак донесен од Швајцарија по иницијатива на битолската организација „Биосфера“, од кои денес се произведува моцарела.[8] Со цел застапување на ова животно е создадена невладината организација „Брешко“.[9]

Примероци од животното можат да се видат во скопската[10] и битолската зоолошка градина[11].

Особености[уреди | уреди извор]

Бивол во Тајланд

Речните биволи имаат црна кожа, но неки примероци имаат боја на темен шркилец. Блатните се раѓаат со сива кожа, а со време стануваат шрилесто сини. Речните имаат издолжени глави, помали се по обем, и имаат поголеми нозе од блатните. Грпката им е подолга и се смалува попостепено. Роговите одат надолу и наназад, па потоа се извиткуваат нагоре, во завој. Блатниот бивол е подебел, потежок и понабиен; има кратко тело и голем стомак. Челото е рамно, очите се истакнати, лицето му е кусо, а муцката е широка. Вратот е споредбено долг, а грпката и задникот се истакнати. Грбниот срт е издолжен наназад и нагло завршува веднаш пред крајот на градите. Роговите излегуваат нанадвор, па се свиваат во полукруг, но секогаш остануваат на иста рамнина со челото. Опашката е куса и доаѓа само до скочните зглобови. Бисината се движи од 129 до 133 см кај мажјаците и 120 до 127 см кај женките. Тешки се 300-550 кг, но забележани се и примероци тешки преку 1000 кг.[1]

Блатниот бивол има 48 хромозоми, а речниот има 50. Меѓусебно потешко се размножуваат, но сепак може да се добие плоден пород. Биволот не може да се вкрсти со другите говеда, односно зародишот не може да се развие.[12]

Бурагот на биволот значајно се разликува од оној на другите преживари.[13] Содржи голем број бактерии, особено од целулозен тип, нижи праживотни и виши габи зооспори. Покрај ова, утврдени се повисоки количества на амонијак азот (NH4-N) и поголема pH-вредност во споредба со останатата стока.[14]

Екологија и поведение[уреди | уреди извор]

Биволите сакаат да седат во вода
Бивол како се валка во кал

Речните биволи претпочитаат подлабока вода. Блатните сакаат да се валкаат во дупки со кал, кои ги копаат со роговите. Валкајќи се, добиваат дебела облога од кал.[1] Обата типа се добро прилагодени на топла и влажна клима, на температура од 0 °C во зима до 30 °C и повеќе лете. Во топлите краишта, пристапот до вода е од големо значење, бидејќи ова е начин на кој вршат терморегулација. Некои раси се приспособени за солен песоклив терен кај море.[15]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Биволите се хранат со разни видови водни растенија. Во услови на поплава, ги нурнуваат главите под вода, откинуваат растенија и излегуваат на површина за да ги однесат. Јадат трски, италијански трски, острика, воден зумбул и мочуришни треви. Некои од овие растенија имаат голема вредност за месното население, додека пак други, како водниот зумбул, претставуваат голем проблем во тропските долини и исхраната на биволите со нив се смета за корисна работа.

На биволите им се дава зелена крма со цел да се засили млекодајноста и кога се товат. Многу сточни култури се прибираат во облик на сено, плева или како каша. Меѓу нив се луцерката, листовите и дршките од бананата, касавата, сточната репка, халфата, белоглавата мимоза и конопниот хибискус (кенаф), пченката, овеспт, сунѓерот Pandaros, кикиритките, сиракот, соините зрна, шеќерната трска, багасата и трупките. Можат да јадат и На некои места им се дава и каша од отпадочен материјал од агруми и ананас. Во Египет, на млекодајните биволици им се даваат цели урми, сочинувајќи до 25% од исхраната.[1]

Размножување[уреди | уреди извор]

Теле во Индија

Блатниот бивол достигнува полова зрелост подоцна од речниот. Младите мажјаци во Египет, Индија и Пакистан се парат на возраст од 3–3,5 години, но во Италија ги парат и на возраст од 2 години. Животното престанува да биде плодно на возраст од 12 години или подоцна. Добар речен бивол може да оплоди 100 биволици годишно. Врз размножувањето влијае и годишното време; високите температури го намалуваат либидото кај животното.[1]

Стапката на зачнување и отелување кај женките исто така зависи од годишното време.[16] Младите биволици добиваат нагон за парење на возраст од 13–33 месеци, но парењето на ваква возраст обично не дава плод, поради што се чека додека не наполнат 3 години. Бременоста трае 281–334 дена, но највеќето наоди укажуваат на 300 до 320 дена. Блатните биволици се отелуваат 1-2 недели подоцна од речните. И покрај неплодноста по извесен број години, биволите продолжуваат да бидат работоспособни до возраст од 30 и повеќе години.[1]

Сточарска вредност[уреди | уреди извор]

Биволи во Лаос како ораат.
Лепешки како се суша залепени на ѕид во Јинан, Кина

Начинот на чување и одгледување на биволите зависи од целта за која се користат. Највеќето биволи работат во поединечни домаќинства, живеат блиску до стопанот и најчесто се најголемото капитално средство во домашното стопанство. Женските членови на семејството се грижат за млекодајните биволици, додека пак машките ги чуваат и работат со биволите за орање. Ова е најдоброто животно за работа во длабоката кал на оризарници поради големите копита и свитливоста на глуждовите. Поради ова се нарекуваат „жив трактор на истокот“ и со нив се ора подлабоко отколку со волови и коњи. Биволот претставува најсиплатлив начин на обработка на помали ниви. Во највеќето оризопроизведувачи земји, биволот се користи и за вршење, како и за превоз на снопови при бербата на ориз. Воедно, животното се користи за вртење вители на гмечалки за маслодајна репка, шеќерна трска и направи за вадење на вода. Во Индија и Пакистан се ставаат поголеми групи биволи кога има потреба од тешка влеча. При освојувањето на Европа, осмалиите со нив влечеле опсадни овни. Изметот се користи како ѓубриво, а кога ќе се исуши, и како гориво.[1]

Биволите имаат удел од 72 милиони тони млеко и три милиони тони месо годишно во светот, од кои највеќе во подрачја подложни на неурамнотеженост во исхраната. Во Индија, речниот бивол се чува предежно за молзење и превоз, а блатниот служи за работа.[17]

Млечни производи[уреди | уреди извор]

Млечни производи од бивол

Млекото на биволот има поинакви физиохемиски особености од она на другите преживари, како сразмерно пвоеќе масни киселини и белковини.[18] Исто така, постои разлика помеѓу млекото на водниот и она на блатниот бивол.[19] Биволското млеко има повеќе вкупни цврсти материи, сирова белковина, масти, калциум, фосфор и малку повеќе лактоза во споредба со кравјото млеко. Поради густината, ваквото млеко е особено погодно за преработка во најразлични млечни производи. Количеството на соединета линолна киселина се движи од 4,4 мг/г масленост во септември 7,6 мг/г масленост во јуни. Составот на млекото на водниот бивол зависи и од наследните чинители, како и од годишното време.[20]

10 најголеми производители на биволско млеко (2008)[21]
Земја Производство (тони) Белешка
Индија Индија 56.960.000 неофициј, полуофиц., рекон.
 Пакистан 21.500.000 официјално
 Кина 2.900.000 проценка на ФАО
Египет Египет 2.300.000 проценка на ФАО
   Непал 930.000 проценка на ФАО
Иран Иран 241.500 проценка на ФАО
 Бурма 205.000 проценка на ФАО
 Италија 200.000 проценка на ФАО
 Турција 35.100 проценка на ФАО
 Виетнам 31.000 проценка на ФАО
 Цел свет 85 396 902


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Cockrill, W. R. (1977). „The water buffalo“. Rome: Animal Production and Health Series No. 4. Food and Agriculture Organization of the United Nations. http://www4.zetatalk.com/docs/Animal_Power/The_Water_Buffalo_1977.pdf. 
  2. Lau, C. H., Drinkwater, R. D., Yusoff, K., Tan, S. G., Hetzel, D. J. S. and Barker, J. S. F. (1998). Genetic diversity of Asian water buffalo (Bubalus bubalis): mitochondrial DNA D-loop and cytochrome b sequence variation. Animal Genetics 29(4): 253–264.
  3. Cockrill, W. R. (ed.) (1974). The husbandry and health of the domestic buffalo. Food and Agriculture Organization of the United Nations, Rome.
  4. Yang, D. Y., Liu, L., Chen, X., Speller, C. F. (2008). Wild or domesticated: DNA analysis of ancient water buffalo remains from north China. Journal of Archaeological Science 35: 2778–2785.
  5. McIntosh, J. (2008). The Ancient Indus Valley: New Perspectives. ABC-CLIO, Santa Barabara.
  6. Khan, G., Church, S. K., Harding, R., Lunde, P., McIntosh, J., Stone, C. (2011). The First Civilizations in Contact: Mesopotamia and the Indus. The Civilizations in Contact Project, Faculty of Asian and Middle Eastern Studies, University of Cambridge.
  7. Scherf, B. D. (2000). World watch list for domestic animal diversity. III изд. Food and Agriculture Organization of the United Nations, Rome.
  8. 8,0 8,1 Тантарова-Груевска, Соња. „Биволите во битолско Дебреште стануваат атракција“, „Утрински Весник“, 10 август 2007 (конс. 7 мај 2015 г).
  9. Швајцарски бивол - македонска моцарела“, „Вечер“, 6 јули 2007 (конс. 7 мај 2015 г).
  10. „Бивол“. Зоо Скопје. http://www.zooskopje.com.mk/bivol.html. конс. 3 мај 2015 г. 
  11. „Автохтони животни“. Зоо Битола. http://www.zoobitola.mk/zastapeni-zivotni-vo-zoo-bitola/10-zivotni-vo-zoo-bitola/77-avtohtoni-zivotni-zoo-bitola.html. конс. 3 мај 2015 г. 
  12. Kochhar, H. P., Rao, K. B., Luciano, A. M., Totey, S. M., Gandolfi, F., Basrur, P. K., King, W. A.. In vitro production of cattle-water buffalo (Bos taurus - Bubalus bubalis) hybrid embryos. „Zygote 102:155–162“. http://journals.cambridge.org/action/displayAbstract;jsessionid=6A10524591280A73D12B7D4818786EAB.tomcat1?fromPage=online&aid=109213. 
  13. Wanapat, M.; Ngarmsang, A.; Korkhuntot, S.; Nontaso, N.; Wachirapakorn, C.; Beakes, G.; Rowlinson, P. (2000). A comparative study on the rumen microbial population of cattle and swamp buffalo raised under traditional village conditions in the northeast of Thailand. Asian-Australasian Journal of Animal Sciences 13 (7): 918–921.
  14. Wanapat, M. (2001). „Swamp buffalo rumen ecology and its manipulation“. Proceedings Buffalo Workshop. http://www.mekarn.org/procbuf/wanapat.htm. 
  15. Borghese, A., Mazzi, M. (2005). Buffalo Population and Strategies in the World. Pages 1–39 in Borghese, A. (уред.) Buffalo Production and Research. REU Technical Series 67. Inter-regional Cooperative Research Network on Buffalo, FAO Regional Office for Europe, Rome.
  16. Barile, V. L. (2005). Reproductive Efficiency in Female Buffaloes. стр. 77–108 in Borghese, A. (ed.) Buffalo Production and Research. REU Technical Series 67. Inter-regional Cooperative Research Network on Buffalo, FAO Regional Office for Europe, Rome.
  17. Singh, C. V. and R. S. Barwal (2010). Buffalo Breeding Research and Improvement Strategies in India. Pages 1024–1031 in The Buffalo in the World. Proceedings of the 9th World Buffalo Congress, Buenos Aires, април 2010.
  18. D'Ambrosio, C., Arena, S., Salzano, A. M., Renzone, G., Ledda, L. and Scaloni, A. (2008). A proteomic characterization of water buffalo milk fractions describing PTM of major species and the identification of minor components involved in nutrient delivery and defense against pathogens. Proteomics 8(17): 3657–3666.
  19. Khan, M. A. S., Islam, M. N., Siddiki, M. S. R. (2007). Physical and chemical composition of swamp and water buffalo milk: a comparative study. Italian Journal of Animal Science 6, (Suppl. 2): 1067–1070.
  20. Han, X., Lee , F. L., Zhang, L. and M. R. Guo (2012). Chemical composition of water buffalo milk and its low-fat symbiotic yogurt development. Functional Foods in Health and Disease 2 (4): 86–106.
  21. ФАО: Одделение за економија и социјала: Статистички отсек (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]