Кикиритка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кикиритки)
Прејди на: содржини, барај
Кикиритка
Arachis hypogaea - Köhler–s Medizinal-Pflanzen-163.jpg
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Кикиритки
Вид: Кикиритка
Биномен назив
Arachis hypogaea
L.

Кикиритка (науч. Arachis hypogaea) — зеленчук кој припаѓа на фамилијата бобови или мешункасти растенија (Fabaceae), а потекнува од Јужна Америка, Мексико и Средна Америка. Во Македонија најмногу се одгледува во околината на Струмица.

Опис[уреди | уреди извор]

Стеблото на кикиритката расте околу 30 до 50 сантиментри. Има жолти цветови, а плодовите растат под земја. Лушпата е рапава и во неа има зрна прекриени со тенка кожичка. За кулинарски потреби се употребуваат зрната од кикиритките.

Кикиритките се богати со белковини, минерали, витамини Е и К и исто така, многу важно, не содржат холестерол. Една е од ретките мешунки кои се богати со витамин Д.

Се препорачува кикиритките да се купуваат со лушпа, бидејќи така ги содржат сите овие витамини и минерали. Докажано е дека доколку умерено се конзумираат кикиритките, доведуваат до помал ризик од срцев удар или мозочен удар, го намалуваат холестеролот, спречуваат воспалување и ги зацврстуваат клетките околу срцето.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Старите Инки одгледувале кикиритки пред 3.500 години. Дури изработувале и садови во облик на кикиритки и ги украсувале со нив. Шпанските освојувачи во XV век кикиритките ги пренеле во Европа и пошироко низ светот, а интересно е што ова растение стигнало во Северна Америка дури во XVIII век, и тоа од Африка.

Одгледување[уреди | уреди извор]

Во почетокот на летото грмушките на кикиритки ги прекривааат полињата. Откако цветовите ќе бидат опрашени, стеблата се спуштаат кон почвата, а жолтите цветови влегуваат под земја на длабочина од шест сантиметри. Плодовите се развиваат под земја во мешунки долги околу 4-5 сантиметри, во кои има од 1 до 4 зрна. Лушпата е рапава, а внатре има бледо жолтеникаво или жолто семе. Ископувањето на кикиритките се врши кон крајот на месец септември.

Употреба[уреди | уреди извор]

Во индустријата, кикиритките се користат на повеќе од 300 начини и тоа за производство на брашно, сапун, детергент, пластика, до различни креми, шампони и лекови. За разлика од многу други плодови кои во јадењата може и да не ги препознаете, тоа не е случај и со кикиритките, бидејќи тие имаат навистина препознатлив вкус. Кикиритките можат да се јадат пржени, печени, солени или несолени. Од нив се произведува добро познатиот путер од кикиритки, се произведува и масло од кикиритки, а исто така тие се дел од многу десерти и солени јадења. Во Македонија (и пошироко), најпознат производ од кикиритки се веројатно смоките.

Кикиритките како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Кикиритки со суво грозје“ - расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кикиритки за здраво срце
  2. Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 100-104.