Борисово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борисово
Borisovo general view.jpg

Панорама на Борисово

Борисово is located in Македонија
Борисово
Местоположба на Борисово во Македонија
Координати 41°22′59″N 22°49′59″E / 41.38306° СГШ; 22.83306° ИГД / 41.38306; 22.83306Координати: 41°22′59″N 22°49′59″E / 41.38306° СГШ; 22.83306° ИГД / 41.38306; 22.83306
Општина Ново Село
Население 409 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 27008
Борисово на општинската карта
Борисово во Општина Ново Село.svg

Атарот на Борисово во рамките на општината
Commons-logo.svg Борисово на Ризницата

Борисово — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Влезот на селото
Улица во селото
Детски парк

Борисово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подгорскиот дел на планината Беласица. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 21 километри.

Борисово се наоѓа на надморска височина од 325 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Се смета дека селото го добило името според некој Борис, споменуван како основач на населбата. Првпат селото се спомнува во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога е подарено на светогорскиот манастир „Свети Пантелејмон“. Според струмичкиот митрополит Герасим Струмички (втора половина на XIX век), над селото Борисово постоела кула од Самуиловиот период, која подоцна била уништена.

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во текот на XIX век селото било населено со Турци. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 60 семејства со 337 Македонци и 21 Турчин[1][2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 жители Турци[3].

Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во селото живееле 300 Турци, а остатокот биле Македонци[4].

По Балканските војни (1913 год.), Турците полека започнале да се иселуваат, а селото го населиле бегалци од Егејска Македонија и жители од Стиник, Барбарево, Бајково и Бадилен.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 409 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 408
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
останати 0

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Свети Кирил и Методиј“ се наоѓа на почетокот на селото, во близина на Мокриево.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1776 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 373 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Селото е познато по својата Боришка (Борисовска) Река, позната по своите мали водопади. Порано имало 12 воденици покрај реката, но денес не функционира ниту една. Сепак, некои од нив може и денес и да се видат. На реката е формирана и Борисовската брана, длабока 8 метри. Таа сепак не зафаќа голема површина и месните жители ја користат за риболов. Во селото постојат две земјоделски аптеки, но нема училиште, па децата до четврто одделение го посетуваат училиштето во Мокриево, а потоа училиштето „Видое Подгорец“ во Колешино. Во селото забележлива е и една стара чешма, веќе пресушена, а и неколку јавори, стари стотици години. Непосредно до еден таков јавор се наоѓаат остатоци од минарето на една од двете некогашни џамии, како сведоштво дека овде некогаш живеело турско население.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Порано постоел и фудбалски клуб наречен „Доганец“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  4. Бугари во документот
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]