Колешино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Колешино
Koleshino Waterfall , 5.JPG
Колешино is located in Македонија
Колешино
Местоположба на Колешино во Македонија
Координати 41°22′59″N 22°49′00″E / 41.38306° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.38306; 22.81667Координати: 41°22′59″N 22°49′00″E / 41.38306° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.38306; 22.81667
Општина Општина Ново Село
Население 845 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2435
Надм. вис. 316 м
Мреж. место Колешино
Колешино на општинската карта
Колешино во Општина Ново Село.svg

Атарот на Колешино во рамките на општината
Commons-logo.svg Колешино на Ризницата

Колешино — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Улица во селото
Дом на културата

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Колешино се наоѓа на југоисточниот дел од Македонија, во близина на границата на Грција и Бугарија. Од најблискиот град Струмица е одалечен 19 километри. Селото е познато по својот живописен Колешински водопад, формиран на реката Баба и висок 19,5 метри.

Историja[уреди | уреди извор]

Легенди за името[уреди | уреди извор]

Постојат две легенди околу името на селото. Според првата селото своето име го добило по Беласичката битка од 1014 година помеѓу силите на Цар Самуил и византискиот цар Василиј II, кога во страшен колеж загинале голем број македонски војници. Во чест на тоа, среде село е поставена табла со легендата за настанокот на името Колешино. Втората легенда е дека името е добиено по овчарот Коле, кој прв се доселил на местото каде денес се наоѓа селото. Имено, луѓето кога поминувале покрај бачилото на Коле викале: „Ова е Колешино“ (бачилото на Коле).

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Според кажувањата на постарите жители на ова место, селото првин било лоцирано 500 метри појужно во месноста Лееште (Леши) и се викало Спаса. Потоа луѓето се преселиле во месноста Морлада, кога селото почнало да се вика Колешино, па дури отпосле се населиле на местото каде што и ден денес живеат. Кањонот пак, на реката Баба е познат по случка од минатото, кога 16 калуѓери соочени со опасноста да бидат фатени од непријателот, ставиле марамчиња на очите и се фрлиле во бездната.

Селото првпат се споменува во пишаните извори во пописот од 1519 година, кога имало дваесет христијански семејства и само едно муслиманско. Колешино и во текот на целиот период од османлиското владеење во Македонија, останало со чисто христијанско население.

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Земјоделство и градинарство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Кулешино живееле 660 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колешино имало 768 Македонци, патријаршисти и 16 протестанти.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 845 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 838
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 3
Бошњаци 0
други 4

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 660[1] 784[5] 912 1.104 1.240 1.140 1.114 1.031 880 845

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Селото е познато по тоа што во него има цркви на четири различни вероисповеди: православната црква „Св. Спас“ (посетена од 160 семејства); евангелско-методистичка (60 семејства); адвентистичка (15 семејства) и црква на Јеховините сведоци (10 семејства).

Во селото се наоѓа и Основното училиште „Видое Подгорец“, кое го носи името на македонскиот писател Видое Подгорец кој бил роден во ова место. Училиштето во 2010-тите било реновирано, со што се создале услови за следење на наставата.

Во селото се наоѓа чешмата Даревица која била изградена во 1939 година. Составен дел на селото се и Домот на културата, филтер станицата, канализациската мрежа.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Недалеку од Општина Ново Село се наоѓа мотелот Подгорски Ан.

На неколку километри од селото Колешино се наоѓа хотелот Цар Самоил.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • НовоФест -годишен фестивал на Колешинскиот водопад
  • Групни венчавки на Колешинскиот водопад

Личности[уреди | уреди извор]

  • Видое Подгорец (1934 - 1997), македонски писател
  • Вилма Трајковска - поранешна Прва дама на Македонија, сопруга на починатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и активист во невладиниот сектор.
  • Панделис Папајоану (? - 1907), грчки андартски капетан

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 159.
  2. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. рр. 106-107.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. рр. 106-107.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]