Мокрино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мокрино
Mokrino (4).jpg

Поглед кон Мокрино

Мокрино се наоѓа во Republic of Macedonia
Мокрино
Местоположба на Мокрино во Македонија
Координати 41°22′00″ СГШ 22°51′00″ ИГД / 
Општина Општина Ново Село
Население 748 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2435
Надм. вис. 370 м
Мреж. место Мокрино

Мокрино — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Влезот во селото
Улица во селото
Селска чешма

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Мокрино се наоѓа на планината Беласица, на надморска височина од 370 метри. Селото е познато по Мокринските извори, кои имаат капацитет од стотина литри во секунда. Од најблискиот град Струмица е одалечен 23 километри.

Историja[уреди | уреди извор]

Антика[уреди | уреди извор]

На просторот од атарот на селото Мокрино се наоѓа населбата од римско време Ќерамидарка. Според археолошките споменици и архивските материјали уште пред новата ера тука живееле тракиски племиња меѓу кои попознати се: Добери, Астраи и Џори кои главно ги населувале повисоките места, подножјата на Беласица, Огражден и Еленица. Ваквата поставеност на населените места се променила по доаѓањето на Словените, кога настанало најголемо мешање помеѓу староседелското и новото словенско население. Други археолошки локалитети кои се наоѓаат во селото се: Крај - некропола од средновековно време, Селски Гробишта - црква од средновековно време и Тумба - некропола од римско време.

Среден век[уреди | уреди извор]

Поверодостојо е предпоставката, пресметувањето на новата локација се случила после прочуената Беласичка битка во 1014 година помеѓу војските на цар Самоил и византискиот цар Василиј II. Имено по оваа битк,а имињата ги добиле населбите Колешино, Свидовица, Костурино, Сачево, Моноспитово, Мокриево и Мокрино. Старото име на Мокрино не е познато. До ден денешен се пренесува легендата дека селото Мокрино името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога другите жители се преселиле на тоа место започнале селото да го нарекуваат Мокрино. Во повеќе средновековни документи се споменуваат денешните имиња на повеќе струмички села, меѓу кои спаѓа и селото Мокрино, кое се споменува како посед на некој Рудл, кој живеел во Струмица.

Селото прв пат е споменато во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога било подарено на светогорскиот манастир „Свети Панталејмон“. Ваквиот статус селото го задржало до битката кај Ровине во 1394 година што се одржала меѓу Османлиите и влашкиот војвода Мирче каде што загинале: Крали Марко и струмичкиот феудалец Константин Дејановиќ и по нивната смрт господари на нивните поседи станале Турците.

Важно е исто така што се одбележи дека меѓу сите села само во Мокрино не се населиле Турски Колонисти, односно селото за цело време во турско ропство останало христијанско и највероватно ги обавувало сите христијански обреди и обичаи во црквата св. Константин и Елена.

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село. Кај месноста Липата, кое било собиралиште на претходните генерации, денес е подигната чешма. Многу куќи во Мокрино сведочат за старата селска струмичка архитектура. Дел од населението го напуштило селото, заминувајќи на работа во западноевропските земји.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 20 век, селото било со чисто македонско население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година,Макриево е наведено како село со 80 домаќинства и 304 жители Македонци[1][2]Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Макрино живееле 640 жители Македонци.[3]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 240 Македонци, патријаршисти[1][4] и функционирало грчко училиште.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 748 жители, од кои 747 Македонци и останат.[5]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 640[3] 800[4] 735 829 915 997 984 879 781 748

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа црквата „Св. Константин и Елена“, изградена 1876 година.

Во селото постои подрачно четиригодишно училиште ОУ „Видое Подгорец“, а децата го продолжуваат своето школување во Колешино.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во непосредна близина на селото се наоѓаат Мокринските Извори, каде секоја година на 2 август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села. Од трите Мокрински извори, истекуваат 40 литри вода во секунда.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Селската слава се празнува на 3 јуни. На 2 август целото население од селото се собира на Мокринските извори. Овој ритуал се изведува со цел да не пресуши изворот, како што тоа се случило еднаш во минатото.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Лазар Бараков (p. 24 мај 1954) - македонски легендарен актер, од Македонските народни приказни

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 186-187.
  3. 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. рр. 106-107
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]