Подгорjе (Беласица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Подгорjе (нарекувано уште Подгорија или Подгор) е географска област во северното подножје на Беласица, денес расположена на териториите на Бугарија и Република Македонија.

Географија[уреди | уреди извор]

Подгорието ги опфаќа јужните делови на Петричката и Струмичката Котлина, помеѓу градовите Петрич од исток и Струмица од запад. На север се ограничува од река Струмешница., со наносни конуси на реките Луда Мара, Лјшнишка, Иваник, Коларовска, Камешница, Јаворнишка, Кључка, Ремешница, Стар Дол, Ломница, Баба, Б'рлен, Дерман и други. Највисоките негови делови се образувани од едри парчиња, размешани со груб чакал, средните - од поситни материјали, а ниските од најфини честички. Во Подгорието извират многу слатководни и минерални извори, како најзначајни се тие кај селото Банско. Почвите се делувијални и делувијално-ливадни, а во ниските делови околу река Струмешница земјите се обработувани. На надморска височина од 250-800 м. има костенови шуми, примесени со чинар, бел габер и зимски даб.

Населби[уреди | уреди извор]

Во Подгоријето се расположена редица села, опфатени од општините Петрич (на бугарска територија) и Ново Село и Струмица (на македонска територија). Во бугарскиот дел на Подгорието од исток кон запад се наоѓаат следните села: Беласица, Коларово, Самуилово, Камена, Јаворница, Кључ, Скр'т и Габрене. Во македонскиот дел на Подгоријата во истиот редослед се расположени селата: Старо Коњарево, Дражево, Смолари, Мокрино, Мокриево, Борисово, Колешино, Габрово, Банско, Свидовица и Куклиш.[1]



Бележки[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр.127-128.