Прејди на содржината

Барбарево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Барбарево
Барбарово

Воздушен поглед на селото

Барбарево во рамките на Македонија
Барбарево
Местоположба на Барбарево во Македонија
Барбарево на карта

Карта

Координати 41°27′38″N 22°53′48″E / 41.46056°N 22.89667°E / 41.46056; 22.89667
Регион Југоисточен
Општина Ново Село
ОбластСтрумичко Поле
Население11 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2434
Повик. бр.034
Шифра на КО03001
Надм. вис.840 м
Барбарево на општинската карта

Атарот на Барбарево во рамките на општината

Барбарево (понекогаш сретнувано и како Барбарово) — село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.

Потекло и значење на селото

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Името на селото се сретнувало низ документи најчесто во денешната форма Барбарево. Името доаѓа од личното име Барбар (што се поврзува со патронот Света Барбара), што е староантичко име изведено од латинскиот збор барбарус што значи туѓинец или грчкиот збор барба што означува варвар или груб човек.[2]

Се претпоставува дека селото го добило името од грчкиот збор „барба“ што означува „стар“, односно „стара населба“.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден и во северниот дел на територијата на Општина Ново Село, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Берово.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 840 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 30 километри.[4]

До селото води земјен пат, кој започнува од државниот пат А4, кој започнува над општинското средиште Ново Село.

Низ селото тече поток, кој го дели селото на два дела: источно и западнот маало. Во селото се наоѓа и т.н. Чучур Чешма.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Над селото се наоѓа населбата од римско време Црвено Поле.[3]

Селото првпат е споменато во пописот од 1519 година, кога имало 168 жители (христијани), а подоцна се среќава и во Лесновскиот поменик од XVI век,[3] како и во Трескавичкиот кодекс од XVIII век.[5]

Познатиот бугарски археолог Богдан Филов го посетил струмичкиот крај во летото 1915 година при што забележал:

Над селото Барбарево, во Огражден имало „русалиски гробишта“, останати од русалиските обичаи. Кога две групи кои земале учество во прослава се сретнувале, требало едните да поминат под ножевите на другите. Кога никоја група не отстапила, настанало тепачка и убиените биле погребани во тие гробишта.[6]

Според етнографот Јован Трифуноски, во Барбарево се доселиле жителите на денес непостоечкото село Брест, наводно поради убиство кое се случило во 1901 година.[7]

Револуционерно дело

[уреди | уреди извор]

При крајот на 1909 година во селото се формира комитет на ВМРО од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков. Во својата книга „Во пламенот на животот и револуцијата“ (Презъ пламъцитѣ на живота и революцията), Михаил Думбалаков истакнува:

Здрави, смели и жилави планинци, барбаревци се одликуваат со приврзаноста им кон делото и со неизброените услуги кои ги покажаа за револуционерната организација.[8]


При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година четири души од Барбарево се доброволци во Македонско-одринското ополченство.[9] Селото е ослободено од османлиска власт од четите на Михаил Думбалаков и Кочо Хаџи Манов.[10]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мошне голем и зафаќа простор од 30,1 километар квадратен. На него шумите заземаат површина од 1.939,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат 964 хектари, а на обработливите површини 100,8 хектари.[4]

Во основа, селото има сточарско-шумарска функција.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948593    
1953566−4.6%
1961506−10.6%
1971278−45.1%
198152−81.3%
ГодинаНас.±%
199126−50.0%
199418−30.8%
200262+244.4%
202111−82.3%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Барбарево е посочено како село кое имало 100 домаќинства со 382 жители христијани.[11]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Барбарево живееле 480 жители.[12]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Барбарево имало 560 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[13]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[14]

Барбарево е четврто најмало село во општината. Во 1971 година тоа броело 375 жители. Оттогаш започнува масовното иселување кон други места во Македонија.

Во 1961 година селото броело 399 жители, а во 1994 година 85 жители, македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, селото Барбарево броело 62 жители, сите Македонци.[15]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 лице без податоци.[16]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 480 560 376 426 399 375 191 102 85 62 11
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[17]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[18]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[19]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[20]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Како и повеќето села во Македонија, населението масовно се иселува во средината и крајот на XX век.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Барбарево било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Барбарево, се наоѓале и селата Бадолен, Бајково, Дражево, Зубово, Ново Коњарево, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Стиник во која влегувале селата Барбарево и Стиник.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1781 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[21]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[22] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[23]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Поглед на главната селска црква
Археолошки наоѓалишта[24]
  • Горно Ориште — населба со некропола од римското време и населба од доцноантичко време; и
  • Црвено Поле — населба од римско време.
Цркви[3]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]
  • Селската слава се празнува на 15 мај.

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Барбарево

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 36-37. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 1 2 3 4 5 6 „Барбарево“. Општина Ново Село. 2025-12-24. Посетено на 2026-01-11.
  4. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 19-20. Посетено на 11 јануари 2026.
  5. Селищев. А. М. „Македонские кодики XVI - XVIII веков“, София, 1933, стр. 145.
  6. Филов, Богдан. Пътувания из Тракия, Родопите и Македония 1912 - 1916, София, 1993, стр. 80.
  7. Трифуноски, Јован Ф (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник српског географског друштва. LVI (2): 73.
  8. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 71.
  9. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 828.
  10. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 165 - 167.
  11. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  12. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 161
  13. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 106-107.
  14. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  15. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јануари 2026.
  16. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  17. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  18. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  19. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  20. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  21. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  22. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  23. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 11 јануари 2026.
  24. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 404. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]